Каков газда, таков миленик - кучињата попримаат особини од сопственикот

Кучињата живеат со луѓето повеќе од 30.000 години. Чувствителни се на емоциите на нивните сопственици и можат да ги рефлектираат истите. Кучињата можат да соберат информации за емоционалната состојба на луѓето и соодветно да го приспособат своето однесување. 

kakov-gazda-takvo-kuce-kucinjata-poprimaat-osobini-od-sopstvenicite-01.jpg

Ако вашето домашно милениче во почетокот било многу активно, па наеднаш станало мрзеливо, гледајќи ве вас како постојано лежите во креветот, тоа е знак дека ги преземало вашите карактеристики и навики.

Научниците од Универзитетот во Мичиген испитале кои особини можат да ги попримат овие миленици од сопствениците. 

Екстровертите се многу отворени за другите луѓе, а такви се и нивните кучиња. Ако луѓето се срамежливи или интровертни, тогаш кучињата ќе го преземат начинот на кој се однесува нивниот господар. Ако е сопственикот под стрес, кучето ќе започне да изразува агресија.

Научниците од Австрија покажале дека кучињата можат да ја рефлектираат личноста на сопственикот, особено неговата вознемиреност и негативните емоции.

Kuceto moze da go pocuvstvuva vasiot karakter I da stane isto kako vas 02

Имено, кучињата кои биле релаксирани и пријателски расположени, истото можеле да им го пренесат на луѓето.  

На сопствениците им се доделени пет особини на личност: невротизам, екстровертност, отвореност за нови искуства, удобност и совесност. Со користење на стандардизирани форми, испитана е и личноста на кучињата.

Ирис Шоберл, кој го водел истражувањето, вели дека сопствениците и кучињата влијаат едни на други, но влијанието на човекот е многу поголемо. Кучињата можат да соберат информации за емоционалната состојба на луѓето и соодветно да го прилагодат своето однесување.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
Митови за животните кои сигурно сте ги слушнале, а не се воопшто точни Кучињата гледаат црно-бело, ноевите си ја закопуваат главата во земја кога се во...
Емилија од Скопје: „Денес си го најдов кучето што ми го украдоа пред 2 години од двор, среде бел ден... „Џипси се роди дома кај мене, пред мои очи... За на 6 месеци некој да ја земе и ...
Ветеринар од Битола, по немила случка со куче (2) од раса бишон, со апел: „Сувото грозје е токсично ... „При јадење и на мала количина на суво грозје кучето треба веднаш да се однесе н...
Кучиња кои обожаваат снег и мачки кои го мразат - Како нивното однесување го покажува тоа? Едните среќно скокаат по снегот, другите бегаат од него како да е најстрашната р...
Ѓоко од Охрид чува камелеон: „Не сака да се гали, јаде лебарки, вода пие од капките лисја во терариу... „Ранго го имам неколку месеци. Луѓето кои доаѓаат во моето тату студио секогаш с...

Најчитани неделава