10-те најголеми животни и птици кои некогаш постоеле на Земјата

Пред настанокот на човекот, со Земјата владееле џиновски суштества. Милиони години пред човештвото, на нашата планета живееле птици, цицачи и диносаурси кои достигнувале должина и височина од над 10 метри.

9-te-najgolemi-zhivotni-i-ptici-koi-nekogash-postoele-na-zemjata-01.jpg

Едно џиновско суштество постои и денес, но, за жал, му се заканува истребување.

Погледнете кои биле најголемите суштества што живееле на Земјата и колку всушност биле големи:

Амфикоелиас (Amphicoelias)

Според досегашните наоди, овие диносауруси живееле пред околу 150 милиони години на територија на денешна Колорадо, САД. Нивниот 'рбет бил долг околу 2,7 метри и се претпоставува дека нивните тела биле долги помеѓу 40 и 60 метри.

02.jpg

Титанобоа (Titanoboa)

Овие змии живееле пред околу 60 милиони години на територијата на денешна Колумбија и засега се најголемите змии кои биле пронајдени на Земјата.

Според најдените фосили, овие животни достигнувале должина до 12,8 метри, а тежина од 1.135 килограми.

03.JPG

Мегалодон (Megalodon)

Праисториските ајкули познати како мегалодон живееле пред околу 25 до 1,5 милиони години. Остатоците кои се пронајдени од нив најчесто се многу мали фосили, па уште се шпекулира за големината на овие ајкули.

Според некои истражувања, нивната должина била од 14 до 20 метри, а некои биолози и палеонтолози веруваат дека голема е веројатноста овие ајкули да достигнувале должина и до 25 метри.

04.jpg

Аргентавис (Argentavis)

Ова се можеби најголемите птици кои биле способни за летање во историјата на целиот свет. Живееле на територијата на денешна Аргентина, каде што се најдени најмногу остатоци од нив, а се верува дека изумреле пред околу 6 милиони години.

Според истражувања и наодите, се верува дека распонот на нивните крилја изнесувал од 5 до 6,5 метри, но можно е да достигнувале големина и до 7 метри. Се претпоставува дека кога биле застанати биле високи колку човек, односно помеѓу 150 и 180 сантиметри.

05.JPG

Ирски елен (Megaloceros giganteus)

Познато и како џиновски елен, ова животно живеело пред околу 7.700 години, најмногу територијата на западна Русија. Пронајдени се остатоци и во Ирска, но бидејќи овие елени живееле и на други места, во научни трудови се користи името „џиновски“.

Џиновските елени биле високи околу 2,1 метри и најверојатно ги имале најголемите рогови кои се забележани кај елен досега. Нивните рогови достигнувале должина и до 3 метри од коренот до врвот, а тежеле 40 килограми.

06.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Колкав е просечниот животен век на популарните раси на кучиња (и како да им го продолжите животот)? Повеќето раси на кучиња живеат по најмалку 10 години. Но, покрај нивниот просече...
10 грешки што треба да ги избегнувате ако (првпат) чувате мачка Никако немојте да ѝ ги сечeте ноктите и немојте да ѝ давате млеко – Кои се најче...
7 забавни факти за слоновите - Ги „погребуваат“ нивните мртви, може да изодат 120 километри дневно Слоновите покажуваат огромна емоционална интелигенција. Тие се едни од ретките ж...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...
Бизарни подводни суштества кои изгледаат нереално (и застрашувачко) Морничава риба со огромни заби, но и риба со транспарентно тело која е нарекуван...
Бил роден за време на Втората светска војна – Како изгледа еден од најстарите папагали во светот? Папагалот Коко има 84 години и е слеп, но неговите сопственици велат дека воопшт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg