6 раси на кучиња кои ќе ви пружат голема емоционална поддршка кога ќе ви биде потребна

Иако сите кучиња даваат бескрајна љубов и се одлично друштво, некои раси, како лабрадор, се поемпатични за разлика од други. 

Rasi-na-kucinja-za-emocionalna-poddrshka-01.jpg

Постојат неколку раси кои ќе бидат одлично друштво во време на стрес за да ве утешат и да разберат како се чувствувате.

„Некои раси на кучиња се особено познати по тоа што даваат емоционална поддршка поради нивната пријателска, нежна, лојална и приврзана природа“, изјави британската организација за кучиња Kennel Club.

„Секако, важно е да се напомни дека однесувањето и односот на секое куче зависат од неговото тренирање, социјализација и индивидуален карактер“.

Кои раси на кучиња ја нудат најдобрата емоционална поддршка?

Лабрадор

Лабрадорите се адаптабилни и лојални придружници. Покрај нивната пријателска природа, тие се и одлични кучиња за емоционална поддршка за возрасни или деца, а погодни се и како кучиња водичи и кучиња за терапија.

Златен ретривер

Овие интелигентни, самоуверени и неверојатно пријателски расположени кучиња им даваат голема поддршка на нивните сопственици и се вистински миленици на семејството. Нивната приврзаност и мекото крзно ги прават терапевтски четириножни пријатели.

Слично како и лабрадорите, златните ретривери веќе долго време се фантастични терапевтски кучиња кои им обезбедуваат емоционална поддршка на нивните сопственици.

Малтезер

Иако станува збор за помала раса, малтезерот може да биде добра емоционална поддршка и куче придружник, особено за оние кои се помалку подвижни, поради неговата компактна големина, слатката природа и нежните карактеристики.

Тие се лесни за поврзување и сакаат да го привлечат вниманието на нивните сопственици. Негувањето на нивното меко и бело влакно може исто така да биде многу терапевтско.

Хрт

Иако одвреме-навреме покажуваат малку поголема независност, овие кучиња имаат тенденција да бидат приврзани, чувствителни и послушни, што ги прави идеално милениче за поддршка, како и најдобар пријател за нивните сопственици.

Њуфаундлендер

Овие нежни џинови се најдобрите пријатели на човекот со векови и тие всушност имаат инстинкт да спасуваат животи.

Смирени, трпеливи, посветени и лојални, кучињата од расата Њуфаундлендер се фантастични придружници.

Стафордски бул териер

Познато е дека стафордските бул териери се одлични семејни миленичиња и можат да пружат голема емоционална поддршка. Тие се многу интелигентни, чувствителни и приврзани, особено со децата.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
Ветеринар од Битола, по немила случка со куче (2) од раса бишон, со апел: „Сувото грозје е токсично ... „При јадење и на мала количина на суво грозје кучето треба веднаш да се однесе н...
Ѓоко од Охрид чува камелеон: „Не сака да се гали, јаде лебарки, вода пие од капките лисја во терариу... „Ранго го имам неколку месеци. Луѓето кои доаѓаат во моето тату студио секогаш с...
Емилија од Скопје: „Денес си го најдов кучето што ми го украдоа пред 2 години од двор, среде бел ден... „Џипси се роди дома кај мене, пред мои очи... За на 6 месеци некој да ја земе и ...
Митови за животните кои сигурно сте ги слушнале, а не се воопшто точни Кучињата гледаат црно-бело, ноевите си ја закопуваат главата во земја кога се во...

Најчитани неделава