Маж со вештачко дишење реанимира морска желка во Грција – акцијата за спасување траела со часови (видео)

Со часови траела операцијата за спасување на морска желка на островот Родос во Грција, а откако таа била извадена од рибарската мрежа во која се заплеткала, нуркачот морал да ѝ даде вештачко дишење.

chovek-so-veshtachko-dishenje-reanimira-morska-zhelka-vo-grcija-akcijata-za-spasuvanje-traela-so-chasovi-video-01.jpg

Цели четири часа нуркачот Џорџ Макрило на плажата Gennadi на островот Родос се трудел да ја спаси морската желка што се заплеткала во рибарска мрежа на дното на морето, а фотографијата на која тој ѝ дава вештачко дишење стана хит на социјалните мрежи.

chovek-so-veshtachko-dishenje-reanimira-morska-zhelka-vo-grcija-akcijata-za-spasuvanje-traela-so-chasovi-video-02.jpg

Ставорс Акурис на својот Фејбук профил сподели повеќе видеа и фотографии од спасувањето на морската желка, која подоцна повторно била вратена во морето.

„Морската желка беше најдена заплеткана во рибарска мрежа на дното на морето на плажата Gennadios, па го викнавме искусниот нуркач Џорџ Макрилос и започнавме спасувачка операција.

Тој прво се нурна во морето и ги пресече јажињата, по што ја извади желката на брегот и ѝ даде вештачко дишење“ – појасни Акурис во описот над видеата и им се заблагодари на присутните на плажата за брзата реакција и за тоа што веднаш ги повикале, а со тоа помогнале да се спаси животот на морското животно.

chovek-so-veshtachko-dishenje-reanimira-morska-zhelka-vo-grcija-akcijata-za-spasuvanje-traela-so-chasovi-video-03.jpg

Инаку, морските желки се едни од морските животни што може да се забележат на грчкото крајбрежје. Најчесто се наоѓаат покрај брегот во периодот од мај до јуни кога доаѓаат за да положат јајца во песокот.

chovek-so-veshtachko-dishenje-reanimira-morska-zhelka-vo-grcija-akcijata-za-spasuvanje-traela-so-chasovi-video-06.jpg

Овие животни се познати по својата долговечност и вообичаено живеат околу 50-тина години.

Прочитајте и Големи ајкули, делфини и китови – Какви животни живеат во морињата во Грција и каде можете да ги забележите?

Погледнете уште неколку видеа и фотографии во продолжение:

Posted by Ακκουρης Σταύρος on Friday, July 22, 2022

Posted by Ακκουρης Σταύρος on Friday, July 22, 2022

Posted by Ακκουρης Σταύρος on Friday, July 22, 2022

chovek-so-veshtachko-dishenje-reanimira-morska-zhelka-vo-grcija-akcijata-za-spasuvanje-traela-so-chasovi-video-04.jpg

chovek-so-veshtachko-dishenje-reanimira-morska-zhelka-vo-grcija-akcijata-za-spasuvanje-traela-so-chasovi-video-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Големи ајкули, делфини и китови – Какви животни живеат во морињата во Грција и каде можете да ги заб... Дали треба да кревате паника доколку забележите перка од ајкула во близина на Ро...
Ова се најретките раси на кучиња во светот – колку од нив ви се познати? Постојат неколку ретки раси на кучиња. Некои живеат во специфични климатски усло...
Делфин во Неи Пори, фока на Ситонија - големите бранови ги дотуркале на брегот, туристи им помагаат ... „Големите бранови ги дотуркаа до брегот и човекот на фотографијата не беше единс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg