Мажи за кои не треба да се омажите

mazi-so-koi-ne-treba-da-se-omazite-povekjeЖените и мажите често „лудо“ се заљубуваат, а кога ќе помине почетната фаза, почнува рационалното размислување за врската. Пред бракот...


...треба да се познавате барем година дена, а треба да ги избегнувате „мамини синови“, оние што не знаат да работат со пари, непријатните и оние без пријатели.

Мамини синови
Тие не се во состојба сами да одлучуваат, повеќе разговараат со мајка им отколку со партнерката и очекуваат жената да се грижи за нив како нивната мајка.mazi-so-koi-ne-treba-da-se-omazite

Мажи кои што не знаат да располагаат со парите
Овој тип на мажи се тешко оптоварување за бракот. Не е важно длаи имаат мала плата или едноставно не умеат со пари. Со таквите мажи лесно може да „пукне“ расправија поради финансиите.

Мажи без пријатели
Не е важен бројот на пријатели, но ако некој нема ниту еден пријател тогаш тоа е показател на неговиот себичен карактер и чудно однесување.

Понижување во јавноста
Не е важен поводот или однесувањето, туку чувството на повреденост и пониженост. Тоа покажува дека тој маж нема самоконтрола, а од вашиот углед поважен му е да го изрази бесот. Тоа е тип на маж кој сака да доминира.

Безобразен тип
Било да се работи за келнер или чувар на паркинг, таквото безобразно и неконтролирано однесување го оддава вистинскиот карактер на мажот. Тој тоа кога-тогаш ќе го покаже и кон својата жена.

Маж кој не умее да се пошегува на своја сметка
Таквото однесување открива комплекси и несигурност и не е добар темел за однос. Исто така има премалку самокритичност, а премногу критичност кон другите.

Никогаш не се конфронтира
Мажот кој ја одобрува секоја ваша постапка тоа може да биде убаво на почетокот, но набргу досадува. Открива недостаток на карактер.

Би можело да ве интересира:

11 (изненадувачки) причини зошто некои жени избираат развод, наместо да останат во брак Жените ги иритира кога сопругот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да из...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg