6 митови поради кои си го уништувате задоволството во сексот, според експерт

Мислат дека секој однос треба да биде спонтан и веруваат дека страста е поважна од задоволството што го чувствуваат – најчестите митови во кои веруваат паровите во долга врска, според секс експерт.

6-mitovi-poradi-koi-si-go-unishtuvate-zadovolstvoto-vo-seksot-spored-ekspert-01.jpg

Емили Нагоски е секс експерт и едукатор која за Daily Mail пишува за најголемите митови поврзани со сексот кои го намалуваат задоволството на интимниот чин.

Погледнете ги митовите во продолжение:

Мит 1: Страста е поважна од задоволството

Постои верување дека на почетокот до врската, страста помеѓу партнерите е поголема, па и почесто имаат секс.

Со годините, оваа страст се намалува и сексот станува поредок, а со тоа и полош

Но, Емили вели дека ова е сосема погрешен концепт и треба да се фокусираме на задоволството, а не страста.

„Добриот секс во долга врска не е поврзан со тоа колку често или каде имате секс, или во која позиција… Она што е важно е колку уживате во сексот што го имате“.

Мит 2: Сексот по караница е одличен

Ова е нешто што честопати го гледаме во филмовите и сериите – по жестока караница (некогаш проследена и со навреди), партнерите се смируваат со секс.

Но, реалноста е многу поразлична.

„Често мислиме дека гневот и страста се тесно поврзани, па дури и дека постојат заедно. Но, ’гневниот секс‘ не може да постои во здрава, функционална врска“.

6-mitovi-poradi-koi-si-go-unishtuvate-zadovolstvoto-vo-seksot-spored-ekspert-02.jpg

Мит 3: Сексот мора да биде спонтан

Воопшто не е точно дека секој сексуален однос треба да биде спонтан, кога и двајцата партнери во ист момент ќе посакаат да бидат заедно.

Некогаш ова е возможно, но во повеќето случаи, кога партнерите се зафатени со работа, деца, домашни обврски и слично, тешко дека ќе можат да имаат спонтан секс.

Затоа, Емили вели дека паровите кои се најзадоволни од сексуалниот живот, го планираат сексот.

„Планирајте однапред, подгответе се, средете се, најдете дадилка… Ова ќе ви предизвика задоволство. Не страст, не искра, туку задоволство и заедничко уживање“.

Мит 4: Колку повеќе секс имате, толку е подобар

Речиси и да нема поврзаност помеѓу тоа колку често имате секс и колку е сексот добар.

Всушност, Емили тврди дека повеќето парови навистина немаат многу секс, најмногу бидејќи немаат време ни енергија.

Таа истакнува и дека сосема нормално е со партнерот да поминете низ фаза кога имате многу, многу малку секс.

6-mitovi-poradi-koi-si-go-unishtuvate-zadovolstvoto-vo-seksot-spored-ekspert-03.jpg

Мит 5: Најважни се авантурата и пробувањето нови нешта

Емили вели дека без разлика колку пози ќе пробате или колку фантазии ќе си исполните, кај партнерите во долга врска, има само едно нешто што го прави кој било секс одличен – прегратките по завршувањето на чинот.

Таа истакнува дека овие мигови го прават секој сексуален однос многу, многу подобар и им помагаат на партнерите да се поврзат.

Мит 6: Многу се важни вештините во кревет

Емили истакнува дека помислата за „искусен партнер во кревет“ е ништо повеќе од мит.

„Освен ако не станува збор за некои опасни садо-мазо игри, единствената ’вештина‘ што ви треба во кревет е да обрнувате внимание на партнерот“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg