5 избрзани однесувања на тазе парови

5-izbrzani-odnesuvanja-na-taze-parovi-povekjeВозбудата при започнување нова врска лесно може да се протолкува како вљубеност. Адреналинот ви удри во глава, се чувствувате одлично и...


...мислите дека тоа ќе трае вечно. И искрено ви посакуваме да е така, но и ви препорачуваме сепак да бидете внимателни барем на самиот почеток.

Ако сѐ излезе како што посакувате фактот што сте почекале за ситуациите од нашите примери нема ништо да ви смени.

Но, ако по првиот бран вашата заинтересираност спласне ќе ви биде многу драго што не сте избрзале со овие пет нешта:


Заеднички патувања

5-izbrzani-odnesuvanja-na-taze-parovi-1

Ќе делите возило, соба, кревет, wc... Ќе бидете заедно од утро до мрак... Тоа значи дека ќе ги откриете сите чудни навики на партнерот и тоа одеднаш! Сите нешта што нема да ги разбирате и што ќе ве нервираат кај партнерот би ги дознавале малку по малку, а со избрзаното заедничко патување негло ќе ги судрите со сите нив. Не велиме дека е лошо да ги знаете сите страни на личноста со која сте во врска, но некои ситни недостатоци нема да ви прават проблем откако добро ќе се запознаете, но ако ги забележите уште на почетокот лесно може да ве преплашат.


Запознавање на родителите

5-izbrzani-odnesuvanja-na-taze-parovi-2

Возбудени сте и веќе се прашувате дали сте го пронашле идеалниот партнер. Но размислете малку, зарем не се сите почетоци прекрасни? Нема никаква потреба да се залетувате. Ако навистина излезе дека тоа е вашата совршена половина запознавањето со родителите ќе помине супер иако сте почекале подолг период. Ама ако партнерот ве разочара, многу полесно ќе се справите со раскинувањето сами отколку да треба да ги тешите и вашите родители и да им ги објаснувате причините за разделбата.


Партнерот на прво место

5-izbrzani-odnesuvanja-na-taze-parovi-3

Веќе почнавте со „Што знам, ќе видиме што ќе правиме“ и „Не знам, да видам дали тој/таа има нешто планирано“? Убаво е тоа што сакате да поминувате време со новиот партнер, но не е баш паметно да го ставате на прво место уште на самиот почеток. Не сте врзани со него, па не ги заборавајте пријателите и сите други нешта што со задоволство сте ги правеле пред да се запознаете со него/неа. Нема смисла да го менувате целиот живот само затоа што една нова личност влегла во него.


Секаде заедно

5-izbrzani-odnesuvanja-na-taze-parovi-4

Ова е слично со претходното, но наместо да ги баталите старите навики едноставно го вклучувате и партнерот во нив. Прво се радувате што ќе дојде со вашата група на јога/планинарење/танцување и мислите дека е супер што ќе имате уште нешто заедничко. Но, ако врската не се развие како што сте планирале еден од вас ќе мора да се откаже, а ако вие останете ќе се соочувате со прашањата каде е и зошто веќе не доаѓа со вас.


Менувате статус

5-izbrzani-odnesuvanja-na-taze-parovi-5

Не ни е баш јасно зошто сакате сите да знаат дали сте во врска, но ако поентата ви е да споделите радосна вест внимавајте да не го направите ова пребрзо. Затоа што вашите фејсбук пријатели ќе видат и кога статусот ќе се врати во „слободен/а“ и вие ќе се соочувате со сите оние прашалници, натажени фацички и чудни лајкови.

Би можело да ве интересира:

„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...
Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg