Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Блискоста не е слабост

bliskosta-ne-e-slabost-povekjeИ покрај тоа што блискоста е важен дел на секој однос, таа на некои луѓе им изгледа застрашувачки, па затоа многумина се одлучуваат да останат сами, наместо животот...


...да го поделат со некого.

Стравот од блискост е страв од губење на љубовта. Личностите кои се плашат од зближување веруваат дека никогаш нема да бидат сакани.

bliskosta-ne-e-slabost

- Главниот страв е дека другата личност, ако и дозволиме да ни се приближи, ќе увиди дека ние во стварноста не вредиме, дека не заслужуваме да бидеме сакани. Затоа стравот од блискост всушност е страв од губење на љубовта, отфрлање и болка. Личностите кои се плашат од блискост не се прифаќаат себеси и веруваат дека не се убави, паметни, способни и успешни за да бидат сакани.

Сè започнува во детството

Стравот од блискост, како и многу други чувства кои непотребно ни го комплицираат животот, потекнува од детството, кога требало да се изгради позитивна слика за себе и себеси безусловно да се прифатиме.

- Причините се различни.. Можеби родителите не ни покажале дека безусловно не прифаќаат, можеби врсниците нè отфрлале. Затоа е важно нашите деца да растат свесни за блискоста во семејството, бидејќи тоа ќе им помогне да остварат здрави пријателски и љубовни врски.

Препознајте ги и решете ги проблемите

За да биде проблемот решен, прво мораме да признаеме дека тој постои и потоа да ги согледаме неговите причини и последици.

- Со здрава комуникација може многу нешта да се решат. Правете мали чекори, отворајте се малку по малку и уживајте во постигнатите резултати. Само така ќе сфатите дека сокривањето зад ѕидови ќе доведе до тоа да останете сами зад нив. Срушете ги ѕидовите, ќе изградите мостови на љубов помеѓу вас и вашите блиски.

Сите сакаме љубов

Блискоста е неопходна за пријателство и љубов. Да се биде интимен со некого значи да се чувствува тесна емоционална поврзаност, да се делат најдлабоките сни, желби, грижи, истовремено дозволувајќи некој да не запознае и можеби поради тоа и да не засака.

Луѓето кои стравуваат од блискост се обидуваат да остварат врска, но да избегнат блискост. Додека едни ја глорифицираат површната, краткотрајната врска, која ја сведуваат на секс, други се обидуваат да остварат подлабок однос глумејќи блискост.

Се плашиме од предавство

Ако некој многу ни се приближи, стравот од отфрлање станува причина за раскинување, па речениците од типот „подобро сега да го оставам јас него/неа отколку подоцна тој/таа мене“ се изговараат како мантра.

Другото лице на стравот од блискост преставува страв од предавство. Без разлика на тоа колку во еден момент чувствуваме дека некој не сака, сепак стравуваме дека тој тоа ќе го забележи и ќе ги злоупотреби тајните кои сме му ги довериле како на најблиска личност.

Би можело да ве интересира:

Американка исмеана затоа што промовира правило за среќен брак: „Кој може да си го дозволи ова?“  „На секои 7 дена одиме на состанок, на секои 7 недели…“ Лајфкоуч од САД пр...
6 причини зошто жените наоѓаат љубовници, според терапевт Најчесто кога се зборува за неверствата се верува дека мажите наоѓаат љубовници ...
5 знаци дека вашиот партнер ќе биде добар и грижлив сопруг На почетокот од врската не ве притискал за секс, а кога ќе вети нешто, го исполн...
„Не, ова не е љубов - туку немоќта на еден беден маж, кој со ќотек наплаќа за тоа што бил оставен од... „Да, и ова е љубов... Кога раскинувањето се плаќа со хематоми и трауми. Кога мис...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
5 карактеристики кои успешните мажи ги бараат кај жената на нивниот живот Само жена со свои интереси и амбиции може да го поттикне интересот на силен и пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg