„Црвени знаменца“ во врската кои треба да престанеме да ги гледаме како знак за љубов

„Љубомора – ако партнерот ми љубомори, не значи дека ме сака, туку дека не ми верува“.

crveni-znamenca-vo-vrskata-koi-treba-da-prestaneme-da-gi-gledame-kako-znak-za-ljubov-01.jpg

Најчесто поради филмовите и сериите, многу однесувања кои се проблематични сме почнале да ги гледаме како нешто добро.

Посесивноста, љубомората, па и аферите кои се претвораат во романтични љубовни приказни неретко ни се прикажувани како нешто добро, нешто што треба да го очекуваме од врските.

Во реалноста, овие работи најчесто се „црвени знаменца“, односно предупредувачки знаци дека нешто не е во ред со врската.

На Редит, луѓе споделуваат кои „црвени знаменца“ треба да престанеме да ги гледаме како знак за љубов:

„Кога некој е целосно опседнат со партнерот“.

„Кога луѓето пробуваат да го ’поправат‘ нивниот партнер. Па, вие не сте му терапевт“.

„Постојано расправање. Не, тоа не значи дека вашата врска е ’страсна‘, туку поверојатно е дека не сте компатибилни и не треба да бидете заедно“.

crveni-znamenca-vo-vrskata-koi-treba-da-prestaneme-da-gi-gledame-kako-znak-za-ljubov-02.JPG

„Љубомора. Ако партнерот ми љубомори, не значи дека многу ме сака, туку дека не ми верува“.

„Идејата дека ако некој игра игри или глуми недостижен, ќе успее да ја привлече личноста што му се допаѓа“.

„Кога некој му создава притисок на партнерот да се венчаат“.

crveni-znamenca-vo-vrskata-koi-treba-da-prestaneme-da-gi-gledame-kako-znak-za-ljubov-03.JPG

„Кога целиот живот на луѓето им се врти околу партнерот. Секој треба да има и свој дел од животот. Паровите не треба да ја минуваат буквално секоја секунда заедно“.

„Мислењето дека ако сте посесивни или сакате да го контролирате партнерот е знак за љубов“.

„Запросување, правење свадба или планирана бременост уште во првите месеци од врската“.

crveni-znamenca-vo-vrskata-koi-treba-da-prestaneme-da-gi-gledame-kako-znak-za-ljubov-06.JPG

„Контрола над партнерот. Имам колешка која мисли дека е слатко кога ќе каже ’Сопругот ќе ме убие ако ставам тетоважа‘. Како да ѝ кажам дека сопругот ја контролира?“

„Преголема мистериозност, кога едниот партнер одбива да сподели што било од својот живот и своето минато“.

„Кога едниот партнер е опседнат со безбедноста на другиот. Оваа ’загриженост‘ најчесто е желба за постојана контрола“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg