7 сигнали кои укажуваат дека не е подготвен за сериозна врска

Голем број на млади луѓе се соочуваат со сериозните врски како со непријател и имаат голема страв од посветеност.

7-signali-koi-ukazuvaat-deka-ne-e-podgotven-za-seriozna-vrska-01

Иднината со ваков тип на човек не е многу светла, па затоа научете како да препознаете кога некој не е тип на човек со кој би се врзале.

Ако поголем дел од овие сигнали вашиот партнер ги поседува и практикува, тогаш време е да се откажете од сериозната врска со него.

Неодговорен е и кога станува збор за мали нешта

Човечки е да закажеш и откажеш состанок, но ако вашиот партнер е тип на човек кој постојано го прави тоа, сметајте го за неодговорен. Очекувајте големо разочарување од овој тип на човек, па затоа подобро е да не сметате на вашата заедничка иднина.

Ги искажува своите чувства пребрзо

Доколку уште на третиот состанок спомнува брак, деца и заедничко живеење, ваквиот тип на маж во ниеден случај не го сфаќајте сериозно. Можеби на прв поглед ќе ви се чини како многу да вложува во вашата врска, но поголема е веројатноста да не знае како да ве привлече, па игра на картата на врзувањето.

Прекинот на претходната врска е свеж

Момчето кое зад себе има долга, озбилна врска, а притоа и лош прекин, не е оптимист кога станува збор за неговата љубовна иднина. Доколку најдовте токму ваков партнер, внимавајте во прво време, бидејќи можеби токму вие сте му неговата утеха а не нешто што ќе потрае.

Залутан поглед

Нормално е дека ќе ја погледне згодната девојка по која сите се вртат, но тоа не смее да се случува пред вас, секојдневно. Иако гледањето не значи ништо страшно, сепак асоцира на тоа дека тој посакува работи со кои вие не сте никако поврзани. Со тоа следува, дека вашата иднина е само ваша фантазија.

7-signali-koi-ukazuvaat-deka-ne-e-podgotven-za-seriozna-vrska-1

Не сте неговиот приоритет

Мажите често зборуваат едно, а го мислат спротивното. Доколку ви кажува колку многу му значите, а ниту едно негово дело не го докажало тоа, размислете добро. Доволно е неговите пријатели да се на прво место и нивните совети да се секогаш точни, за да ви создадат главоболки и кавги.

Не ги познавате неговите пријатели

Ако веќе тој ја помина фазата на запознавање на вашите пријатели, а вие никако да дојдете до таа фаза, вашата сериозна врска е под знак прашалник.

„Моментално не сум подготвен, но ќе бидам... “

Мажите неретко ја залажуваат жената дека ќе се променат. Доколку вашиот партнер до сега не ви објаснил што очекува и сака од вас и вашата поврзаност, време е да размислите дали воопшто сакате иднина со некој кој едноставно не се грижи. И никогаш не очекувајте дека тој ќе ви каже „конечно, дојде времето.“

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg