Нови сексуални трендови

Ако сè уште ја откривате забавната страна на сексот, еве кои се најновите забавни сексуални трендови. Со оглед на тоа дека секси играчките се доста продавани во изминативе години, токму тие ќе ја одбележат 2013 година.

novi-seksualni-trendovi-01

Двојно задоволство

Во 2012 година продажбата на играчки за возрасни се зголеми, па затоа секси играчките ќе ја одбележат и оваа година. Не е неопходно да поседувате некоја играчка, но ако сакате да експериментирате тоа може да ви го збогати секојдневието.

S&M е неодолив

Благодарение на големиот успех на книгата „50 нијанси на сивата“, околу која мислењата се поделени, се забележува поголема заинтересираност за садо-мазо игри, посебно помеѓу жените.

novi-seksualni-trendovi-1

Помалку е повеќе

Заборавите ги секси костимите на медицински сестри, барем оваа година. Но, без страв, во тренд е нешто многу подобро. Добро познатите виолетови и црни чипкани ноќници и костими кои ги истакнуваат женските облини, повторно ја распламнуваат страста.

Камера, тон...

Како што наведуваат неколку истражувања, дури половина од жените имаат свое домашно секси видео. А, со тоа расте и заедничкото гледање на еротски филмови, па затоа овој тренд е одлична стимулација за двајцата партнери.

novi-seksualni-trendovi-2

Пробувајте повеќе игри од предиграта

Иако сексот на брзина никогаш нема да излезе од мода, сè повеќе парови доаѓаат до заклучок дека добриот секс може да биде и маратонски. И што превземаат во тој случај? Експериментираат со сензуални масажи, ги запознаваат техниките на тантричкиот секс, комбиниран секс, јога и медитација... На располагање ви стојат многу различни идеи доколку сте од оние парови кои сакаат да испробуваат нови техники.

Ова се водечките трендови за оваа година, а ваше е да се одлучите на кој начин ќе го практикувате ова задоволство.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg