6 начини на кои пушењето делува на вашиот љубовен живот

Дали вашата нездрава навика ви стои на патот кон остварување на љубовниот живот? Ако е така, тоа може да ви биде дополнителен поттик да се ослободите од овој порок.

6-nacini-na-koi-pusenjeto-deluva-na-vasiot-ljuboven-zivot

Многу е покомплициран начинот на живот на пушачите, во однос на здравствените ризици.

Време на спиење

И ако сте пушач кој дневно пуши по шест или седум цигари, веројатно чадот од цигарите ќе ви остане во косата. Ако дојдете уморни од работа и не стигнете да ја измиете, нема галење со партнерот.

Облека и покуќнина

Можеби вашиот партнер не сака облеката и покуќнината да му мирисаат на чад. Оној кому му пречи тоа нема да биде воодушевен што постојано мора да ги пере алиштата, да го чисти и освежува просторот.

Болест

Луѓето кои пушат, загрижени се за заболувањата на срцето, белите дробови и за други сериозни проблеми, а да не спомнуваме дека пушачите почесто се разболуваат.

Сексуална издржливост

Како што е и докажано со многубројни истражувања, сексуалната издржливост кај пушачите се намалува со годините при што двајцата партнери остануваат незадоволни.

Контрацепција

Во упатствата за користење на разни контрацептивни средства за жените, се наведува дека оние над 25 години не би требало да пушат додека ја спроведуваат терапијата.

Долговечност

Ако имате среќа да ја пронајдете личноста со која навистина сакате да го поминете остатокот од животот, веројатно сакате долго и среќно да живеете, зарем не? Но, ризикот за смртност од рак на белите дробови кај жените се зголемува во последните неколку години, затоа ако продолжат да пушат веројатно ќе им остане помалку време во кое ќе уживаат со партнерот.

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
„Велосипед“ - Секс поза со која ќе го излудите партнерот (18+) Оваа секс поза е одлична за да го излудите партнерот затоа што му нуди целосен п...
„Не сте привлечни бидејќи сте интелигентни“: Секс експерт е мета на критики за советите за сингл жен... „Најверојатно не сте толку примамливи затоа што сте премногу интелигентни, а нек...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg