Нумерологија: Кој совршено ви одговара за секс?

Со помош на биоритамскиот број дознајте какви се вашите сексуални апетити, како стои вашиот партнер со љубовната умешност и со кого генерално се сложувате во сексот.

numerologija-koj-sovrseni-vi-odgovra-za-seks-1

Биоритамскиот број се добива така што се собираат броевите од датумот на раѓање без годината.

На пример, ако некој е роден на 14,12,1981 година, неговиот биоритамски број е 1+4+1+2=8. Броевите се собираат сè додека не се добие едноцифрен број.

1.

Жена: Страсна е и уште од раната младост е во потрага за вистинска љубов. Полна е со сни и идеи. Има развиена интуиција и умее да му угоди на мажот. Живее за љубов, никако за авантура.
Маж:
Ужива во сексот и склон е кон перверзии кои ги оправдува со развиената фантазија. Кога ќе ја фрли јадицата не се откажува додека не го освои пленот. Доминантен е во сексот.
1 се сложува со 8, 6 и 3. Треба да ги избегнува 2 и 9.


2.

Жена: Не ужива многу во сексот, но не се предава лесно. За неа тоа е должност која покорно ја извршува. Сепак рано влегува во сексуални односи.
Маж:
Романтичен, непостојан и не е баш најдобар љубовник, иницијативата и ја препушта на жената. Бидејќи е прилично неодговорен, на жените им се препорачува во односот да бидат внимателни и самите да се заштитат од несаканата бременост.
2 се сложува со 6 и 8. Треба да ги избегнува 3 и 7.


3.

Жена: Целото нејзино тело е ерогена зона. Во вечна потрага е по идеален маж, затоа е склона кон менување на партнерите. Овде всушност имаме два екстрема. Тотално незаинтересирана, или исклучително сексуална, која е на работ од промискуитетот.
Маж:
Ова е вистински љубовник, железна рака, ако најде партнерка која ќе ги следи неговите барања во врска со еротиката, тоа ќе биде секс до болка.
3 се сложува со 6 и 5, а треба да ги избегнува 2 и 9.

numerologija-koj-sovrseni-vi-odgovra-za-seks-2

4.

Жена: Скриен оган, води директно во екстаза, газда е во креветот. Таа презема иницијатива и е извонредна љубовница.
Маж:
Издржлив љубовник склон кон маратонско водење љубов, но себичен.
4 се сложува со 8, 6 и 5. Треба да ги избегнува 2 и 1.


5.

Жена: Бргу се заситува од својот сексуален партнер. Кога нема иновации, го менува партнерот, но ако навистина го сака, таа е фантазер и го исполнува секое сексуално барање на партнерот.
Маж:
Француско школо, многу потентен маж кој го возбудува убавината на женското тело. Умее да биде егоист.
5 се сложува со 8, 2 и 3. Треба д аги избегнува 6 и 9.


6.

Жена и маж: Нема големи разлики помеѓу шестката жена и шестката маж. Сексот за нив е уживање. Имаат силен апетит, а истовремено бараат и комплименти. Предиграта е задолжителна и тоа долга и никако монотона.
6 добро се сложува со 1, 2, 3 и 4. Треба да ги избегнува 5 и 9.

numerologija-koj-sovrseni-vi-odgovra-za-seks-3

7.

Жена: Мистична е, но ја води играта, менува пози и го диктира темпото.
Маж:
Исклучително е потентен, фантазер и оригинален. Ги негува техниките на далечниот исток. Сексот со седумката е возбудливо возење чија последна станица е оргазмот.
7 се сложува со 2, 7 и 6. Треба да ги избегнува 1 и 5.


8.

Жена: Од мажот бара сè што ќе и падне на памет. Сексуално ослободена личност, го бара невозможното, сака да ги менува партнерите.
Маж:
Брз, потентен, фантазер, секс машина се вистинските зборови кои го опишуваат.
8 се сложува со 5, 2 и 8. Треба да ги избегнува 6 и 1.


9.

Жена: Сексот за неа е нешто убаво и возвишено. Склона е кон класични пози иако кога ќе „проработат“ емоциите, умее да биде многу умешна љубовница.
Маж:
Него треба само да го фалите, особено неговата машкост и квалитети.
9 добро се сложува со 8 и 1. Треба да ги избегнува 6 и 2.

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg