Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ова се најголемите непријатели на желбата за секс

На страна стресот, уморот, лековите.... веќе и птиците на гранка знаат дека тоа не води кон секс. Овој пат истакнуваме и некои други непријатни сексуални желби.

ova-se-najgolemite-neprijateli-na-seksualnata-zelba-1

На листата, работи кои ќе ја убијат сексуалната желба се најдоа:

Диета

ova-se-najgolemite-neprijateli-na-seksualnata-zelba-2

Ако сакате позитивно да делувате на сексуалната желба, немојте да се откажувате од пуканки, крофни, сладолед. Иако овие намирници не се баш најдобри за здравјето, едно истражување покажало дека сето ова може добро да делува на либидото. Имено и самиот мирис на пуканките или крофните кај мажите предизвикуваат подобар проток на крвта. Се покажало и дека мирисот на ванила го зголемува либидото.

Унапредување

Одлични вести – сте добиле унапредување! И сега конечно можете да си купите автомобил или да отпатувате некаде. Меѓутоа, ако е нешто добро за вашите финансии, не значи дека е добро и за сексуалниот живот. Унапредувањето носи и повеќе стрес, а тоа лошо влијае на сексуалната желба. Ако сте под стрес, во телото се создава поголема количина кортизол, хормон кој лошо делува на естрогенот и тестостеронот.

Деца

ova-se-najgolemite-neprijateli-na-seksualnata-zelba-3

Детскиот плач и станувањето рано, како и поголемата одговорност се непријатели број еден. Не само што сте преморени и под стрес за да размислувате за секс, туку воопшто немате приватност која сте ја имале пред да станете родители. Освен тоа, ако жената дои, има зголемено ниво на пролактин, хормон кој природно го намалува сексуалниот нагон.

Да се живее сам

Иако многумина мислат дека бракот е лош за сексуалниот живот, излегува дека не е добро ниту да се живее сам. Како што наведуваат стручњаците, на сите ни е потребен окситоцин за сексуално да се возбудиме. Нивото на окситоцин може да се зголеми ако нашата кожа е во контакт со кожата на партнерот. За жал на оние кои живеат сами им недостасува таквата интимност, допирот на кожата, окситоцин....

Порно филмови

ova-se-najgolemite-neprijateli-na-seksualnata-zelba-4

Сите знаеме дека филмовите за возрасни не се реални, но може да имаат големо влијание на сексуалниот живот. Премногу честото гледање на такви филмови може претерано да стимулираат, затоа смалете го гледањето на порно филмови и сексуалниот нагон би требало да се зголеми.

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Една работа која ми го спаси бракот, откако добивме деца со сопругот Со партнерот имавме луда романса. Постојано мислевме еден на друг, се состанував...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg