20 начини како да освоите девојка

Ако ви е неопходна листа од работи кои би требало да ги исполните за да ја добиете девојката од вашите соништа, вие сте на право место.

20-nacini-kako-da-osvoite-devojka-001

Со само неколку едноставни трикови станете момчето од кое нема да може да се одвои.

Ова се наједноставните 20 начини:

1. Немојте да се фокусирате само на сексот - Кога од девојката ќе добиете повик за филм, немојте одма да живеете во американска бајка каде што тоа значи покана за секс.

2. Жените гледаат исклучиво романтични комедии бидејќи се по малку лигави и глупави – Не е точно, без оглед колку верувате во тоа. Покажете и на девојката дека и верувате и оставете ја понекогаш да одбере филм. Можете да се изненадите од акцијата која ќе ви ја предложи.

3. Убава си? И паметна? – Запаметете една единствена работа – и најсофистицираната и најобразована жена сака да слуша комплименти. Колку пати ќе и кажете дека е убава и неодолива, толку пати кажете и дека сте одушевени од она што се крие во нејзината глава.

4. Физички изглед – Ако сте во врска со жена која има облини, потенцирајте го тоа дека ги обожавате. Ако сте во врска со послаба девојка, кажувајте и дека изгледа како врвен топ модел. Ако сте во врска со плава девојка, не покажувајте глад за црнка или обратно.

5. Гледајте ја во очи додека зборува, провлечете ја нежно раката низ коса, гушнете ја од позади додека припрема кафе...

6. Гледајте ја за време на секс – Не сте свесни што се случува со жените кога знаат дека се предмет на воодушевување. Потрудете се да бидете најприродни што можете и никогаш не го избегнувајте контактот со очите.

7. Бидете опуштени и шармантни кога ве сакаат многу девојки – Ниедна жена не сака маж кој може да го има секоја девојка, но сакаат кога нивниот маж останува само на „здраво“ со девојките кои не можат да му одолеат на неговиот шарм.

20-nacini-kako-da-osvoite-devojka-01

8. Кој стил и да го носите, бидете елегантни и џентлемени – Елеганцијата во зборувањето, манирите и согласувањето со нејзините пријатели и родители значи многу. Отворете и врата, зачувајте и место поред вас, придржете го капутот, понудете помош... Жените сакаат да бидат галени и мазени.

9. Внимавајте на зборовите – Никогаш, ама баш никогаш не зборувајте лошо за нејзините пријатели колку и да е лута на нив. Дајте и искрено мислење и совет, но не зборувајте нешто за што ќе се покаете еднаш кога работите ќе се вратат во нормала.

10. Научете да  ја насмеете и смејте се на она што таа го кажува – Да, и жените имаат смисла за хумор и сакаат да ве насмеат. Жените обожаваат кога ги засмевате до солзи, но сакаат понекогаш и тие да ве расположат.

11. Колку и да звучи површно, кажете и дека е слатка кога се срами.

12. Без споредувања и иднина – Дури и животот да ви зависи од тоа никогаш не ја споредувајте со некоја друга, без разлика дали станува збор за бивша или идна девојка.

13. Налутете се кога имате причина за тоа - Не и попуштајте премногу, едно е да ја сакате, а друго е да ја избришете индивидуалноста. Ниту една девојка покрај себе не сака човек без став.

14. Прв состанок – Облечете се најдобро што можете и испланирајте каде би ја однеле. Жените сакаат кога имаат некој на кој може да се потпрат. Доколку местото не и се допаѓа, прашајте ја каде би сакала да одите а потоа без двоумење упатете се до тој локал.

15. Нека не ве мрзи да и угодите – Ќе се најдеме кај тoa кафуле, локал или маркет не е опција. Третирајте ја како дама, пронајдете ја нејзината улица на Google Maps и изненадете ја чекајќи ја неколку метри од спроти. Ако сакате да ве почитува, мора да и го овозможите и вие!

20-nacini-kako-da-osvoite-devojka-02

16. Пријатели – Не се плашете да ја запознаете со своите пријатели. Покажете ја пред пријателите, тоа е мал гест на почитување кој верувајте многу ќе го цени.

17. Време е да ги надминете сите фази – Без разлика дали сте во фаза само за секс, озбилна врска или пак барате девојка за сигурна иднина, немојте да ја врзувате или пак да ја одбивате од вас.Понекогаш препуштете се на спонтаноста.

18. Радувајте се на работите кои ја прават среќна – Со тоа покажувате дека ве радува она што и нас. Така не ја губите мажественоста, не плашете се. Многу е лесно жената да помисли дека не сте заинтересирани за нејзиниот живот, затоа потрудете се да и го докажете спротивното.

19. Смејте се на работите кои и неа и се смешни – Не, нема потреба да се смеете до солзи ако нешто не разбирате. Но, ако таа почне да се смее не седете со скаменет лик, можете да и правите друштво барем со блага насмевка.

20. Имајте разбирање за нејзините обврски – Бидете горди на сè што ќе постигне, престанете да и го префрлате тој еден час во неделата плус на работа. Почитувајте ја, верувајте и безрезервно и бидете горди на неа!

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Секс потези од порно филмовите што жените ги мразат, а мажите често им ги наметнуваат, според секс е... „Порно филмовите не се водич со инструкции, постојат за забава, а не да ве инфор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg