Карактерот на жените во љубовта според крвната група

Сè е запишано во крвта. Без оглед на знаците и подзнаците, овој пат ви откриваме каков е карактерот според крвната група. Прочитајте и проценете дали хороскопот или крвната група е она во што верувате.

zaboravete-go-horoskopot-site-odgovori-se-vo-krvnata-grupa-01

Дознајте како вашата крвна група се сложува со околината, што е значајно при изборот на пријатели, љубовници и брачни партнери.

0 позитив
Жените од нулта групата се друштвени и сјајни домаќинки сè додека има пари. Но, кога ќе започне да недостасуваат, тогаш има голем проблем. Може да бидат арогантни, посесивни и љубоморни, па склони се кон тоа на партнерите да им ги проверуваат мобилните телефони и сите средства за комуникација. Добро се сложуваат со 0 и А позитивни мажи, а во ретки случаи и со 0 негативни. Бидејќи А позитивните мажи знаат да бидат авторитативни, важно е понекогаш да имате работа на која ќе се истрошите. Сепак, кога одите на состанок дајте му предност на мажот со 0 позитив крвна група.

А позитив
Овие жени не се посебно романтични, но го почитуваат партнерот и кога ќе се омажат сакаат да бидат во хармоничен брак. Креативни се, сензибилни, но и горди и тврдоглави и тешко се борат со стресот. Ќе бидат среќни со мажи со А позитивна или негативна крвна група, но најчесто запаѓаат во замката на АВ крвната група. Но, со било која од овие крвни групи ќе успеете, освен со 0 позитив, околу кој ќе треба многу да се трудите.

Б позитивна
Трагате по јак маж, па одлично ќе се вклопите со 0 и Б позитивна група. Бидејќи А позитивниот маж е многу чувствителен, врската со него не се препорачува. Сепак, сè се сведува на внимателноста – потенцијалниот партнер најпрво проверете го за каква врска е спремен. Не се плашете да барате други мажи, доколку едниот партнер не ви одговара. На жените со Б позитивна крвна група неопходно им е постојано внимание, имаат чудни побарувања и често се одлучуваат за брак.

АБ позитивна
На оваа жена и е најважно да се забавува и често пати бега од сериозна врска. За неа одличен избор е АБ мажот, но и А,Б и 0 позитивните мажи се одлични, ако се запознале во право време на право место. Овие жени се доста толерантни, па така што често пати во својот живот пуштаат маж кој на прв поглед изгледа безопасно, но сепак е опасен. Затоа, внимавајте на сигналите пред да се впуштите во било каква авантура.

zaboravete-go-horoskopot-site-odgovori-se-vo-krvnata-grupa-1

0 негативна
Најдобри шанси имаат со мажи од истата крвна група. Со нив емотивно се сложуваат најдобро, бидејќи постои некоја рамнотежа. Со мажите од АБ крвната група никогаш нема да излезат на крај и немаат шанса за светла иднина. И жената и мажот со 0 негативна група даваат сè од себе кога некој навистина сакаат. 0 негативните жени ги излудуваат речиси сите крвни групи токму заради искреноста и отвореноста. Тие секогаш ја искажуваат и својата среќа и своите фрустрации.

А негативна
Најдобро се сложуваат со А негативни мажи, но добро им оди и со АБ негативни. Во игра е и мажот со 0 негативна група, но тој делува по малку наметливо. А негативните жени сакаат некој кој ќе ги разбере и нема да ги оптеретува кога ќе посакаат да се затворат во својот свет, а толку А негативниот маж е таков. И со АБ негативните мажи ќе бидат во добра врска, но само заради сличните интереси. Еднаш кога овие жени ќе го пронајдат својот партнер се верни. Ако сте обесхрабрени по низа пропаднати врски, барајте маж со иста крвна група.

Б негативна
Исто како и на сите останати негативни групи, и вас ви одговара партнер со иста крвна група. Но, АБ негативниот маж може да ви помогне да стоите цврсто на земја, а тоа да не го доживувате како команда. Врската со 0 негативниот маж не е најсреќна, освен кога се бавите со слични работи и имате слични високи цели. Двајцата сте во состојба да се фокусирате на кариерата за сметка на љубовната врска која може да страда. А негативните мажи не се најдобар избор бидејќи нив ги доживувате исклучиво како препрека.

АБ негативна
Толерантни сте спрема секој кој ви го олеснува животот, дури и кога не се сложувате со нив. Подеднакво ви одговараат мажите од А, АБ или Б групата. Б негативниот бара посветеност исто како што и тој ќе биде посветен спрема вас, грижлив и осетлив. А негативниот доаѓа во комбинација со вашата крвна група, но тука ќе мора да има многу толерирање. Со АБ негативниот маж имате најголеми шанси да воспоставите доживотна или барем долга врска.

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Жабa во скок“ - секс поза за врвно уживање (18+) Иако на почетокот може да ви изгледа неудобна, ќе се изненадите колку е лесна пе...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg