Осум современи трендови во љубовта и сексот

За разлика од пред неколку години, денес трендовите во љубовниот и сексуален живот се навистина променети.

osum-sovremeni-trendovi-vo-ljubovta-i-seksot-01

Затоа, ги издвоивме осумте најголеми трендови на денешницата, барем кога станува збор за помладите парови.

Онлајн, а понекогаш и во живо
Денес постојат голем број на сајтови за запознавање на „сродни души”. Но, за сметка на технологијата, човечките меѓу односи сè повеќе слабеат. Виртуелниот свет е новиот свет во кој што лесно можеш да го пронајдеш совршениот партнер. Но, дали е сè така совршено? Често пати заради премногу споделените онлајн информации, разговорите во живо се монотони и здодевни. И сепак, сите ќе се сложиме дека хемијата која ја чувствуваме во живо никогаш нема да се случи по електронски пат.

Вежби за подобар секс
Денес речиси секаде може да прочитате некои нови вежби за подобрување на сексуалниот живот. Ако сакате, можете да ги практикувате каде и кога ќе посакате.

Совети за подобри сексуални активности
Советите од стручни лица можете да ги пронајдете на секој чекор. И ако тоа ви е навистина потребно, нема потреба да бегате од нив. Можете да дознаете многу новости. Или пак, ако сте човек со слободен дух, денес не е ништо чудно да се почестите со сексуални играчки.

Љубовни игри
Она што на девојките отсекогаш им било интересно се љубовните калкулатори и претпоставки. Тие често пати се водат според некои измислени статистики, игри или пак хороскопи. Но, понекогаш и тоа се погодува па може да има изненадувачки позитивен исход.

Вистина... или лага?
Денес сè се врти околу вниманието. Лажни или вистинити прекини, изневерувања... веќе не знаете што од тоа е вистина. Одговорот можеби ви е веќе познат, но сигурни сме дека не ви е познато колку многу медиумите и друштвените мрежи ствараат скептични и личности полни недоверба.

Потполна слобода во пар
Доколку сакате да ја скокоткате фантазијата на вашиот партнер, денес сè е дозволено. Облечете се провокативно или пак воопшто не се облекувајте, пуштете го неговиот еротски филм или пак облечете некој костим. Притоа заборавате дека сте дама, на што никогаш не заборавале во минатото. Но, сепак, сè има своја цена и придобивки.

Постари и помлади партнери
Сите веќе се навикнавме на фактот дека постарите жени со нетрпение ги чекаат младите мажи, исто како што се навикнавме и на млада девојка со доста позрел маж. Дали можеме да судиме, не знаеме, но сепак стандардите за среќа денес се малку поместени.

Телефонски секс
Ако имате мали проблеми со срамежливоста, денес телефонскиот секс е нешто створено за вас! Не само што сте поопуштени, туку и фантазијата е на повисоко ниво. Неочекувано и навистина храбро.

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg