Животот после неверство

Што кога ќе го откриете неверството? Како да закрепнете од тој удар? Allan и Barbara Pease во книгата „Зошто мажите сакат само секс, а жените сонуваат за љубов“ откриваат како да се соочите со болката, да ја прекинете или повторно да ја изградите врската.

zivotot-posle-neverstvo

Ако сакате да ја продолжите врската, или бракот по неверството, знајте дека повеќе никогаш нема да биде исто. Помирете се со тоа, работете многу и пробајте да го надминете тоа.

Ако се одлучите за раскинување, после првата болна реакција, бргу ќе се опоравите, но лечењето на раните ако сакате да останете во врска е период кога точно мора да знаете што треба да правите.

Комуницирајте
Ако не разговарате за неверството и причините, никогаш нема да воспоставите однос. Искреноста е важна. Слободно поставувајте прашања дури и ако знаете дека одговорите нема да ви се допаднат. Нормално разговорот за неверството е болен, но е неопходен.

Без обвинување
Префрлањето на вината не е добро решение и нема да резултира со позитивен исход. Тоа го оневозможува откривањето на подлабоките проблеми кои најверојатно и се причината поради која дошло до неверството. Затоа – било да сте изневериле или ве изневериле, никогаш немојте да се занимавате  со непотребни обвинувања.

Без избрзани одлуки
Не е добро да се донесуваат одлуки додека сте сè уште во шок од неверството. Почекајте барем седум дена и добро размислете што ќе направите. Дури во таква состојба ќе бидете способни да донесете најдобра можна одлука за иднината на врската.

Преболете ја својата врска
Врската каква што сте ја имале пред сознанието за неверството повеќе ја нема и никогаш нема да се врати. Тоа е болно сознание и морате да го прифатите. Плачете, викајте и правете сè што ќе ви го олесни периодот на тагување.

Пишувајте
Ова најмногу се однесува на мажите на кои им е тешко отворено да разговараат за своите стравови и емоции. Бидејќи разговорот не е убав, можно е да го направите и писмено. Напишете писмо, јасно изнесете ги чувствата и грижите.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg