Момците повеќе страдаат по раскинувањето

Според традиционалното сфаќање, жените сериозно страдаат после несреќна љубов, додека мажите кои демонстрираат сила, ги кријат своите чувства.

momcite-povekje-stradaat-po-raskinuvanjeto

Спротивно на врежаното мислење, резултатите од новото истражување објавено во американското стручно списание "Journal of Health and Social Behavior" покажуваат дека всушност мажите повеќе страдаат ако дојде до раскинување на врската.

Изгледа дека мажите во раните дваесетти години потешко го доживуваат раскинувањето како и подемите и падовите во врската отколку жените – ова е затоа што жените во тие години веќе ги изградиле односите со пријателите и семејството. Момците ја немаат таа поддршка.

Ако партнерката е единствената личност во која што имаат доверба тие се ранливи кога ќе останат без неа, дури и ако јавно не ги покажуваат своите чувства. Тие не се доверуваат помеѓу себе како девојките, меѓу момците владее конкурентски однос и поради тоа после раскинувањето се чувствуваат изолирано.

Најновата анкета покажала дека мажите во поголема мерка ги доживуваат нестабилните врски како стрес, но и извлекуваат поголема емоционална корист од љубовната врска која ја сметаат за среќна.

Истражувањето наведува на заклучок дека за младите жени е поважно дали имаат партнер или не, отколку дали се среќни во врската. Во случај да раскинат тие се подготвени да зборуваат за своите чувства со пријателките, додека мажите ретко ги изразуваат чувствата.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg