5 тајни на вечната љубов

Дали постои тајна која ќе помогне да останеме заљубени до крајот на животот? По анализата на 35 различни истражувања и 12000 извештаи, истражувачите на Универзитетот во Илиноис тврдат дека ги пронашле најважните фактори за опстанок на романтичната врска.

5-tajni-na-vecnata-ljubov

Па, еве кои се тие:

Отворено комуницирајте за сè

Самооткривањето низ разговор помеѓу партнерот почнува на почетокот од врската и никогаш не завршува и токму тоа помага за долготрајно одржување на романсата.

На секој проблем пријдете му позитивно

Веселата смеа или некоја палава шега во решавањето на проблемите може да бидат многу поделотворни од некоја нервозна реченица, без разлика колку аргументи имате на своја страна.

Меѓусебно уверувајте се дека иднината ќе ја поминете заедно

И паровите кои што не се во брак имаат потреба својата врска да ја видат како нешто трајно, а не е лошо и оние кои што се во брак, за кои се подразбира дека треба да се заедно до крајот на животот, меѓусебно да се уверуваат дека се уште многу среќни поради тој план.

Поделете ги домашните обврски за двајцата да бидете задоволни

Иако оваа поделба најмногу се однесува за паровите кои што живеат заедно и оние кои што размислуваат за заеднички живот, треба да се продискутира за тоа како да се поделат „интересните работи“ како што се миењето на садови и фрлањето ѓубре.

Негувајте го заедничкиот круг на пријатели

Заедничките пријатели се и добар извор од кој можете да ја дознаете повратната реакција на вашиот партнер за некои прашања кои ве мачат. Роднината на вашиот партнер можеби е најиритирачката личност која што ја познавате, баш затоа заедничката вечера со него покажува колку ви значи партнерот.  

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg