Секс позите откриваат какви сте како личност

Покрај неверојатното уживање во сексот сега различните секс пози ги разоткриваат и вашите особини. Се тврди дека низ нив го искажувате неискажаното, се поврзувате со партнерот, иако понекогаш влијае и моменталното расположение.

seks-pozite-zboruvaat-namesto-vas-01

За сè да ви биде појасно, откријте го значењето на вашата омилена поза.

Мисионерска поза
Вие сте тип на човек кој постојано нарачува едно исто, а експериментите и дегустациите не ви се омилени. Вашиот стил е секогаш монотон, секогаш сте смирени и секогаш подготвени да бидете рамо за плачење. Оваа поза ви нуди можност за потполн физички и емоционален контакт со партнерот, па затоа за вас никогаш не излегува од мода.

Кучешка поза (Доги стајл)
Обожавателите на оваа поза најчесто се поборници за експерименти и секси игри кои вклучуваат и доза на грубост. Тие ќе ви ги остварат сите желби, но истовремено ќе го понесат своето достоинство со стил.

Поза во која жената доминира
Ако девојката е онаа која превзема иницијатива, а партнерот најчесто гледа одоздола, во жената се крие огромна одлучност и храброст. Оние кои имаат јасно поставени цели во животот сакаат кога доминираат во врската и во креветот.

Лажица
Нема драми на кои не сте заплакале, а токму тоа ве опишува како огромен емотивец.Токму таква е и вашата поза во креветот, како и односот со партнерот. Околу себе имате голем број на вистински пријатели, а секој со кого ќе влезете во љубовна врска е награден со огромна доза на љубов и доверба.

seks-pozite-zboruvaat-namesto-vas-02

Задницата кон партнерот
Вашата љубов кон авантурите е тешко некој да ја заобиколи и често не ви е грижа за туѓото мислење. Сакате акробации, несигурни нешта и необични пози во креветот.

Нозе над глава
За вас ниту небото не е граница. Добро сте запознаени со сите делови на вашето тело, па и туѓото, имате неверојатна слобода и верба дека вие можете сè.

На нозе
Зад љубителите на оваа поза се крие непропустлив натпреварувачки дух кој никогаш не се губи. Сексот за нив е врвно уживање. Енергични се, водат здрав живот и на многумина им е тешко да го прифатат вашиот начин на живот. Но, откако ќе ја пронајдете вашата сродна душа на среќата нема да и се гледа крајот.

Пред огледало
Сакате да сте во центарот на вниманието, како во друштвото така и во врската. Го сакате својот живот и покрај тоа што многумина ве сметаат за егоцентрик кој не се откажува од своите идеи.

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg