10 заповеди на заедничкиот живот

Секако, сè започнува со страст и желба, но за да реализирате успешен и долгогодишен љубовен живот, потребно ви е многу повеќе од тоа.

10-zapovedi-na-zaednickiot-zivot-01

Дијалогот во кој се брои и тишината, заедничката цел до која доаѓате чекор по чекор, способноста да се преземе одговорност без страв... И овие 10 основни заповеди кои следат:

1. Разберете ја вашата улога, моќта и важноста на рамнотежата во врската. Искрено размислете колку поединечно, а колку заедно сте моќни. Не го земајте „здраво за готово“ неговото/нејзиното присуство, посебно кога живеете заедно.

2. Кога се работи за роднините, секогаш бидете на страната на личноста со која ја делите постелата.

3. Оној кој заработува повеќе не смее самостојно да одбира на што ќе се трошат парите.

4. Ако сте пообразовани, никогаш не го истакнувајте тоа.

5. Сетете се дека оној кој сега сака повеќе секс, во текот на животот ќе се промени. Улогите во секој момент може да се променат.

6. Не ја препишувајте неверноста на другиот само затоа што малку сте се скарале. Тоа е неискрен чекор кој ќе ви се врати двојно посилно.

7. Секој од нас би требало да има сопствени полиња во кои ќе може да ја докаже својата одговорност и стручност. Затоа, не се мешајте во она што не е ваша работа.

8. Кога ќе имате деца, подеднакво дозирајте ја строгоста и попустливоста. Секогаш балансирајте!

9. Ако еден од вас секогаш го вози автомобилот, не значи дека не сте рамноправни како пар. Не се задржувајте на ситниците.

10. Кога ќе дојде до банални кавги, како на пример дали вратата ќе стои отворена или затворена, попуштете. Кажете си на себе дека победата во овој случај не ви е важна. Важен ви е мирот!

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg