Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


7 нови докажани трикови кои ќе ви го одржат бракот

Романтиката не е единствен начин за враќање на хармонијата во бракот. Многу други работи може да се направат и без да посетувате брачен советник.

7-novi-dokazani-trikovi-koi-ke-vi-go-odrzat-brakot-01

1. Кога е во прашање сексот, поважен е квантитетот, отколку квалитетот

Ако сопружниците немаат редовен секс може да ја изгубат физичката поврзаност. Ако е во прашање време, секогаш постои сексот набрзина, под туш или каде било. Само 10 минути физичка поврзаност може да го зацврсти вашиот брак, а со текот на времето, тоа може да се претвори во подолга сексуална активност.

2. Пишувајте за вашите караници

Според една нова студија се покажало дека паровите кои барем три пати годишно пишувале за своите брачни проблеми се позадоволни од оние кои не го правеле тоа. Истражувачите веруваат дека тоа е поради тоа што го стекнале оние кои пишувале. Новиот поглед на нештата и подобро разбирање на проблемите, а со тоа и на брачниот партнер. Следниот пат кога ќе се скарате со својот партнер, запишете ги деталите од караницата. Можеби ќе забележите нешто што ви одминало за време на жестоката караница.

3. Секој ден прегрнувајте се барем 2 минути и бакнувајте се барем 30 секунди

Прегратките и бакнежите најчесто стануваат механички и брзи, па никако не може да се мерат со долгите бакнежи. Окситоцинот, хемикалиите кои нашето тело ги ослободува кога ќе се допреме, емоционално ги поврзува луѓето. Не мора да го подесувате тајмерот, туку едноставно продолжете го траењето на вашите бакнежи и прегратки.

7-novi-dokazani-trikovi-koi-ke-vi-go-odrzat-brakot-1

4. Прошетајте заедно

Кога и да имате време, прошетајте заедно. На пример, кога сакате да зборувате за нешто важно, свежиот воздух ќе ви помогне почисто да размислувате. Самото одење во ист правец ви помага да се чувствувате како да сте тим.

5. Пијте еднаква количина алкохол

Паровите кои пијат заедно, остануваат заедно. Така барем тврди новата студија од Универзитетот во Буфало, Њујорк. Ако стапат во брак некој што пие многу и некој што пие малку, најчесто, во 50 отсто од случаите се разведуваат, за разлика од оние кои пијат приближно иста количина алкохол. Ова не значи дека треба да се опивате заедно секоја вечер, но укажува на тоа дека луѓето кои пијат еднакво, помалку се расправаат на темата алкохол.

6. Седете еден покрај друг во ресторан

Веројатно во ресторанот најчесто седите еден спроти друг, но тоа е „агресивен став“. Следен пат, седнете еден покрај друг. Наместо да се допирате со нозете, вашиот сопруг може да ве прегрне или помилува додека му шепотите нешто.

7. Забележувајте ги добрите дела

Дали сопругот помогнал околу куќата или сопругата го изненадила со некој специјалитет, тоа се дел од добрите дела кои треба да ги забележувате меѓусебно и да ги запишувате исто како и караниците. Многу често во долгите врски или бракот се занемаруваат ваквите ситници, но внимавајте и не го дозволувајте тоа.

7-novi-dokazani-trikovi-koi-ke-vi-go-odrzat-brakot-2

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Една работа која ми го спаси бракот, откако добивме деца со сопругот Со партнерот имавме луда романса. Постојано мислевме еден на друг, се состанував...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg