Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


6 прашања кои мора да си ги поставите пред раскинувањето

Дали вашата врска навистина е дојдена до самиот крај? Или ова е само фаза во која љубовта паднала во длабок сон, па време е заедно да ја разбудите?

6-prasanja-koi-mora-da-si-gi-postavite-pred-raskinuvanjeto-01.jpg

Пред да се одлучите за крај на долгогодишната врска, неопходно е да си ги поставите овие 6 клучни прашања кои ќе ви го дадат вистинскиот одговор.

Започнете со ред:

1. Дали мојот проблем е тежок или полесен?

Доколку имате било каков проблем , потребно е да го сместите во една од овие 2 категории.

Ако се соочувате со семејно насилство или зависност која не се лечи, тогаш на вашата врска и е дојден крајот, без сомневање и понатамошни размислувања.

Но, ако се чувствувате подалечно од вообичаено, чувствувате дека љубовта згаснува или се сомневате во изневерување, тоа се лесни проблеми за кои треба да си поставите полесни прашања.

Доколку не знаете што ве прави несреќни во моментот, не знаете ни што може да ве усреќи, па затоа потребно е подолго размислување и разгледување на сите опции.

2. Дали вашата врска воопшто постои?

Дали живеете по следново сценарио - работите до доцна, по што излегувате со пријателите, додека вашиот партнер по работа сака да изгледа фудбалски натпревар, а кога конечно ќе се вратите дома, тој веќе спие... Дали ваквото секојдневие трае предолго?

Логичен заклучок е дека ваквата емотивна и физичка поделба ве доведува до одредена формалност, во која се губат сите емоции.

Пред да ја прекинете врската, размислете што ве довело до тој начин на живот? Финансиската ситуација, децата, навиките или нешто сосема друго?

3. Дали вашиот однос е толку лош, што вреди да го промените животот од корен?

По долгите и исцрпувачки расправии, животот без нервози и тага делува примамливо. Но, често пати личностите кои решаваат да заминат забораваат дека се растура целиот дом, па можеби и семејството, доколку го имаат.

Затоа е неопходно да се запрашате дали сте доволно несреќни како би си го промениле целиот начин на живот. Ако при одговорот на ова прашање се двоумите барем малку, можеби подобро е да се сетите на убавите моменти и да се обидете од ново.

6-prasanja-koi-mora-da-si-gi-postavite-pred-raskinuvanjeto-02.jpg

4. Колку често зборувате за своите заслуги?

Следен пат кога ќе си ги повторите критериумите и особините кои сметате дека ги заслужувате од партнерот или тој ви ги „должи,“ размислете уште еднаш. Дали познавате човек кој пронашол совршен партнер? Не, не се лажете.

Вистина е дека заслужувате многу, но поголема е веројатноста врската да се распадне заради преголемите очекувања, а не заради ситните недостатоци.

На крајот од денот, доволно е само да легнете и да се запрашате: Дали тоа што доцни 5 минути или го заборава мојот омилен колач е поважно од нежноста која ја добивам?

5. Дали се плашите од непознатото?

Едно од најтешките прашања, на кои морате сами да си дадете одговор.

На многумина им е полесно да прекинат, наместо да останат и да се борат за нешто, за кое сепак немаат гаранција.

Да, раскинувањето е брзо решение и моментален одговор, па затоа не дозволувајте стравот да донесе одлука наместо вас.

6. Дали го/ја сакам? Барем малку...

Доколку се откажувате од врската во средина на кавгата, бесни и вознемирени, нема да имате време да размислите за вашите чувства. Затоа, избегнете го овој тип на прекинување.

Ако раскинувањето е единствено решение, тогаш мора да го направите во смирени околности, со веќе однапред расчистени чувства околу љубовта која ја има или едноставно веќе не постои.

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg