15 знаци кои откриваат дека тој е вашиот иден сопруг

На некои им треба долго време да ја пронајдат љубовта, додека некои ја имаат уште од детството. Сепак, се работи за една единствена љубов. Онаа која не прави среќни, возбудени и растреперени.

15-znaci-koi-otkrivaat-deka-toj-e-vasiot-iden-soprug-01.jpg

Ако се наоѓате во врска која веќе подолго трае или пак сте започнале нова и ве интересира што може да очекувате, овие 15 знаци ќе ви откријат дали тој е вашиот иден сопруг.

1. Се фали со вас - Ве спомнува, ги раскажува вашите успеси и сака кога постојано сте му на врв на јазик.

2. Прави ситни, но значајни жртви - Доволно е да го прескокне тренингот или да не отиде на пиво со пријателите за да ја разберете неговата жртва. Ако го прави тоа, тогаш сигурно без размислување ќе стави рака во оган за вас.

3. Се наоѓате на иста бранова должина - Имате слични погледи, слични сонови и размислувања за кариерата, семејството, иднината...

4. Не се обидува да ве промени - Ве сака со сите маани, баш онакви какви што ве запозна првиот ден.

5. Може да се замисли со вас во брак - Кога ќе спомене брак или заедничко живеење кое ве вклучува лично вас, сè ви е јасно.

6. Можете да „преживеете“ и повеќе од 1 месец разделени - Ако нешто вакво се случи или се случило, секако дека е тажно, страшно и тешко, но сигурни сте дека ќе успеете.

7. Не ја користи фразата „Ми недостасуваш“ - Да ви прати порака е сосема во ред, но „Ми недостасуваш“ е навистина непотребно кога сте излезени, на состанок, на работа или на семеен ручек.

8. Го сака својот личен простор, но ве гледа и вас во него - Секој сака да се дружи со пријателите и да излегува, но често сака и вие да бидете вклучени.

9. Сака и знае да ве слуша - Каков разговор сте имале со пријателката, колегата, шефот... тој нема проблем да седне и сослуша.

10. Отворени сте во сексот - Комуницирате, отворени сте на тоа поле и точно знаете кој што сака, а што не.

11.Заедно ги планирате случувањата во следните 6 месеци или повеќе - Заедно правите планови за годишен одмор или викенд патување? Одличен знак.

12. Можете да се исплачете пред него - Без срам, без криење, без непријатности...

13. Добро се согласува со вашите родители - Не му е проблем да се слушне со вашиот брат или татко. Нема срам затоа што е свесен дека сега тие се дел од семејството.

14. Нема проблем со вашите пријателки - Па дури и кога го терате да поседи барем малку со вашето женско друштво.

15. Знае да каже колку сте прекрасни, сосема спонтано - И по некоја случајност, тоа е денот кога не сте се нашминкале, не сте ја измиле косата или сте ги облекле најшироките тренерки.

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава