Дамата со бунтовничко срце

Нејзината најголема страст беше нејзиниот најголем грев. Се обидуваше да создаде единство од две работи, се обидуваше да го заборави, а тонеше во искушение.

damata-so-buntovnicko-srce01

Копнееше по совршенство, а беше заглавена во свет на заблуди и несовршености. Нејзината хиперактивна природа не ѝ дозволуваше да го почувствува спокојството и беше убедена дека некои грешки се толку слатки за да дозволи да не се повторат уште еднаш.

Постојано се обидуваше да зачекори во светот на возрасните, а како за инает правеше грешки со кои наликуваше на мало дете.

Не беше повеќе мало девојче, а не беше ниту жена со принципи. Беше заглавена во средината, во свет каде што владееше искушението и лудоста.

Од една страна беше на двонасочна улица каде што мораше да одлучи по кој пат ќе зачекори. Сите ѝ велеа да се откаже од својата страст, сите ѝ велеа да се продлабочи во реалноста, а таа како за инает живееше во својот свет на соништа и бараше магија во секоја ситуација.

Мораше да биде храбра девојка со високи женски принципи, а во неа сè уште дивееше животното и беше како птица скитница која посакуваше да одлета.

Тешко беше да глуми дама во општеството, а во себе да биде девојка со бунтовнички дух. Беше навистина тешко да живее по правила и принципи, а да посакува да ги сруши сите норми и закони и да лета во светот на несовршеностите.

damata-so-buntovnicko-srce.jpg

Несовршен живот со совршена приказна. Страст и ништо повеќе. Празни срца и жешки тела. Топли ноќи и огнена романса.

Нејзината приказна беше како од филмско платно, тој и таа беа само странци во ноќта со хаотична смеа и искрени воздишки.

Полноќ и празен град само одекнуваше од нивните допири. Се радуваше на ноќите како мало дете на лижавче, се радуваше кога доаѓаше полноќ за да го почувствува неговиот сурово возбудлив допир.

Заспиваше со неговиот јак парфем на нејзиниот истуткан фустан.

Не знаеше дали е од парфемот или од нешто друго, но упорно мислите ѝ одлетуваа кај него. Не, не сакаше да мисли на него.

Се обидуваше да не летаат пеперутките во стомакот, се обидуваше да не ѝ чука срцето толку силно, но како и секогаш се случуваше баш она од кое најмногу бегаше.

damata-so-buntovnicko-srce-4

Автор: Анастасија Димова

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...
Бон-тон правила во сексот што секоја културна жена треба да ги знае (18+) По сексот секогаш бидете подготвени да си заминете, освен ако партнерот не ви ка...
Секс поза „клацкалка“ – наменета за девојките што сакаат да доминираат за време на сексот (18+) Со оглед на тоа што партнерот треба да стои мирен, оваа секс поза е одлична за о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg