Престанете да го барате вистинскиот, бидете вистинската!

Во денешно време многу девојки го бараат вистинскиот, занемарувајќи го фактот дека прво треба да се оснесуваат како вистинската личност.

prestanete-da-go-barate-vistinskiot-bidete-vistinskata-1

Сличностите се привлекуваат, а различностите исто така се привлекуваат, но за кратко, потоа се одбиваат. Доколку се однесувате како вистинската личност голема е веројатноста да привлечете партнер сличен на вас, нели?

Еве како да го направите тоа доколку никогаш претходно немате размислувано на оваа тема.

Оставете го онлајн запознавањето

Сакате да започнете врска на старомоден начин, со спонтано запознавање, но постојано пребарувате на социјалните мрежи потенцијални партнери кои најчесто не се баш толку совршени кога ќе ги запознаете во живо.

Не го барајте вистинскиот партнер на погрешно место, оставете тоа да се случи спонтано на вистинското место во вистинското време.

Не го правете тоа што не сакате да ви го направат

Оставете ги настрана изневерувањето, лажењето, скриените навики и флертот и направете место за љубовта, искреноста, заедничките навики и флертот, но со вашиот партнер доколку веќе го имате.

Едноставно не правете им го на луѓето она што не сакате да ви го направат.

Бидете свои и достижни, без вашата ладнокрвна маска

Без да глумите дека сте недостижни, ладни и недопирливи дозволете му на дечкото што ќе ви пријде подобро да ве запознае бидејќи никогаш не може да знаете дали тој е вистинската личност за вас.

Дајте шанса, бидејќи еден ден ќе дојде на ред и вие да побарате шанса!

Не се предавајте така лесно, уживајте во освојувањето!

Кога ќе бидете сигурни дека тоа е вистинската прилика, не се предавајте така лесно, уживајте во освојувањето. Тоа што доаѓа тешко, повеќе се сака, а тоа што доаѓа лесно, не се сака долго. Кратко и јасно.

prestanete-da-go-barate-vistinskiot-bidete-vistinskata-2

Момци, имате ли нешто да додадете?

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...

Најчитани неделава