Најголеми заблуди за љубовта

najgolemi-zabludi-za-ljubovta-povekjeМислевте дека мажите секогаш се подготвени за акција во кревет? Или пак дека сите жени паѓаат на букет цвеќе и романтична вечера? Епа сте погрешиле...

 

Доктор Џонатан Перкинс, сексолог, ги истакнува 8-те најчести митови за љубовта. Можеби ќе ви помогнат да не живеете во заблуда.

1. Само еднаш се сака

Крајно време е да престанете да го бркате принцот на бел коњ и да си мислите дека доколку не го најдете, засекогаш ќе останете сами.  Разберете, вие во текот на животот постојано се менувате.

Ако некој сега ви е сродна душа, не значи дека тоа ќе биде така и за пет години. Грешите ако мислите дека  природно e да се љуби само еднаш во текот на животот. najgolemi-zabludi-za-ljubovta

Вистинската љубов ќе ја запознаете кога за тоа ќе дојде време. Важно е само да бидете трпеливи и  да верувате во љубовта.

2. Мојата љубов ќе го промени

Можно е дека вашиот партнер ќе се промени, но овие промени не ќе траат подолго од две недели, бидејќи тој наскоро ќе продолжи како и дотогаш.Уште ако го условите со изјавата, "ако ме сакаш, ти ќе  ...", ќе се најдете во ситуација каде што нема да можете да победите.

Ќе биде најдобро да го прифатите каков што всушност е, а ако пак премногу ве нервираат неговите недостатоци, разделете се.

Потребна ви е стабилна, зрела и формирана личност, која може да ви  се посвети, а не е размазено дете, кои ќе го учите за животните вредности.

3. Мажите сакаат големи гради

Не се сите мажи оптоварени со големи гради. Напротив, повеќето од нив на првиот состанок и не ги забележавуваат. Британските студии покажале дека 25% од мажите сакаат големи гради, а другите 75 %, најпрво го гледаат лицето и рацете. Мажите напротив, ја ценат интелигенцијата и  добрата смисла за хумор.

4. Мажите секогаш сакаат секс

Нашето општество мажите ги смета за машини кои секогаш сакаат секс, никогаш не им е доволен и само на тоа мислат. Сепак, овој мит го занемарува фактот дека мажите понекогаш имаат главоболка или едноставно не секогаш  се спремни за акција во креветот.

Да се каже "не" секогаш  припаѓало на жените, но ако тоа го каже тој, ризикува дека ќе ја збуни и повреди партнерката. Затоа не треба да се верува во оваа невистина. И мажите имаат право да бидат уморни и нерасположени.

5. Жените не можат без предигра

Од шеесеттите години на минатиот век и сексуалната револуција, мажите постојано се изложени на критики, затоа што не се трудат околу партнерката и дека често ја занемаруваат предиграта. Сепак, тоа не значи дека секогаш е неопходна.

Кога постои спонтан однос, сосема е прифатливо партнерите веднаш  да се фрлат во акција. Покрај тоа, некои жени не ја сакаат долгата предигра и тоа може да ги изнервира.

6. Децата го зајакнуваат бракот

Двојките кои многу работат, послабо се гледаат, ќе имаат уште помалку време кога децата ќе навлезат во нивниот живот. Енергијата која мора да ја дадете на децата може да биде толку многу  исцрпувачка, за на крај да не ви остане сила за физичка и психичка комуникација со брачниот другар.

Ако сакате да го спасите бракот, ќе треба да се посветите подеднакво на партнерот и децата. Тоа ќе биде корисно за сите. Партнерот ќе знае дека се уште го сакате, а децата ќе живеат во хармонично и стабилно семејство.

7. Неверството може да ја зачува врската

Луѓето кои изневериле, често се тешат  дека тоа го направиле за да го подобрат квалитетот на односот со  партнерот. Сепак, неверството ретко може да ја зајакне или спаси врската.

Дури и да се прости изневерувањето, останува оној горчлив вкус од неверството и вечната недоверба. Стравот дека партнерот ќе го направи тоа повторно, ќе ви биде секојдневна  мисла. Кога довербата еднаш е прегазена, нема враќање.

8. Мажите повеќе изневеруваат од жените

Ова можеби некогаш  било така. Меѓутоа, во последно време, ни жените не заостануваат во тој спорт. Тие во неверството се впуштаат, речиси од исти причини како мажите - сакаат да пробаат нешто ново и возбудливо...

Сепак, жените често пати на тоа  додаваат  уште една причина - ако партнерот доволно не ги почитува, ќе пронајдат љубов во прегратката на некој друг маж.

Би можело да ве интересира:

Порно ѕвезда со совети за секс кога надвор е пекол: „Постојат 3 секс пози во кои нема да прегреете“ ... Изберете секс пози што не бараат премногу голема физичка активност и обезбедуваа...
„Палачинка“ – Секс поза која овозможува длабока пенетрација, а е идеална за утрински секс (18+) Ако сакате да го почнете денот со нешто слатко, зошто да не пробате „палачинка“?...
Која секс поза под туш е најбезбедна и ќе ви донесе најголемо уживање, според сексолог? (18+) Безбедна секс поза и нелизгачка постилка во бањата... Што ви е потребно за сексо...
Совети за еротска масажа за незаборавно искуство со партнерот Еротската масажа има за цел ослободување од напнатост и стрес, а овие совети ќе ...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg