Дали имате заедничка иднина: 7 работи кои треба да ги проверите пред бракот

Тоа што вие сте заљубени и во моментот мислите дека би останале заедно засекогаш, не е вистинската потврда за заедничката иднина.

dali-imate-zaednicka-idnina-7-raboti-koi-treba-da-gi-proverite-pred-brakot-01.jpg

Пред да одлучите да го поминете остатокот од животот со некоја личност, потребно е да проверите некои клучни работи кои ќе ви откријат колку навистина си одговарате.

Подобро е да ги дознаете на време, отколку подоцна да настане проблем кој не сте го очекувале.

1. Голема караница

Караниците се составен дел од секој брак , но ако не можете да се договорите, да попуштите или да најдете решение, размислете каква ќе ви биде иднината.


2. Родители

Родителите се многу важни во сечиј живот и нема подобра атмосфера од таа кога и тие ви се допаѓаат вам и вие им се допаѓате нив. Тогаш добриот однос со партнерот е речиси гарантиран. Уште веднаш е важно да забележите дали се тип на родители кои би се мешале во вашиот брак или не.


3. Пријатели

Не мора баш цело друштво да ви се допаѓа, но треба да имате претстава со какви луѓе вашиот партнер го поминува своето време и дали тоа го прифаќате. Доколку забележувате дека нивното влијание врз него е поголемо од вашето, треба да размислите.


4. Имиња на децата

Можеби ви звучи неважно или далечно во овој момент, но многу е важно какво име ќе му дадете на името и дали можете да најдете компромис за тоа.


5. Заедничко пазарење

Запознајте ги неговите навики пред бракот, вклучувајќи ги и финансиските. Веројатно нема да ви одговара ниту неконтролираното трошење пари за глупости, но ниту болната штедливост.


6. Навики и потреби во креветот

Не би било во ред дури во бракот да дознаете што му се допаѓа, а што не во сексот. Откријте ги деталите кои ви се допаѓаат или не, во сексуалниот живот. Забавувајте се и добро истражете го сето ова.


7. Заеднички одмор

Од клучно значење е да отпатувате заедно, барем на неколку дена. Така ќе бидете со него цел ден и ќе ги видите сите маани и навики со кои треба да се соочите и да проверите колку може да издржите.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава