Сите љубовни правила

site-ljubovni-pravila-povekjeЗа секого постои сродна душа. После определен период треба да се премине на следно ниво во врската или слично, се само еден мал дел од љубовните...

 

...правила кои ни се препорачуваат за успешна врска.

Вистината е дека правила не постојат, она што за еден пар одлично функционира за некој друг може да не вреди ништо.

Една од најголемите љубовни заблуди е дека постои само еден вистински партнер за секого. Па светот е преполн со луѓе во кои можете во секој момент да се заљубите и со кои можете среќно да живеете.site-ljubovni-pravila

Слична заблуда е и онаа која тврди дека двајцата партнери мора да делат исти интереси. Ако немате ист вкус за музика, книги и уметност не значи дека не можете да имате одличен љубовен однос.

Таквите разлика напротив може да делуваат интересни, да ве надополнат и уште повече да Ве зближат со партнерот/ката. Еве уште неколку таканаречени правила, кој всушност се големи љубовни заблуди.

Кратка врска, неуспешен брак

Понекогаш кратките врски можат набрзина да резултираат со веридба и брак. Во тој случај може да се каже дека партнерите не се познаваат доволно, но тоа не мора да значи дека бракот ќе биде неуспешен. Напротив некои од таквите бракови траат цел живот, а партнерите велат дека „едноставно знаеле“.

Ако ја прекинале врската еднаш, пак ќе ја прекинат

Не се сите прекинувања исти, а не се ни сите парови исти. Понекогаш ако на врската и дадете нова шанса, тоа може да резултира со значително подобар однос и посреќни денови за двајцата партнери.

Врската после врска не успева

Понекогаш врската во која ќе влезете веднаш откако сте ја прекинале претходната може да биде навистина успешна, можете вистински да се вљубите и да бидете посреќни од било кога.

Жените во 30-тите само сакаат брак

Жените го бараат вистинскиот сопруг, а не некој кој сака да биде сопруг.

Тој ќе се промени заради мене

Жените често мислат дека ќе успеат да го променат својот партнер со време, но вистината е дека тој не се менува. Ако ви се допаѓа таков каков што е, прифатете го, ако не, побарајте некој друг.

На Интернет може да најдам само некој луд

Интернетот го користат најразлични луѓе и не се сите луди, па тргнете само од себе. Но тоа не значи дека не треба да бидете внимателни.

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg