Имам 25 години и никогаш не сум била заљубена

Сакам да се заљубам, да ги почувствувам пеперутките и треперењето на срцето, но колку што сакам, толку се плашам дека може да се изгубам самата себе.

imam-25-godini-i-nikogas-ne-sum-bila-zaljubena-01.jpg

Неколку пати сум била во врска и не ми се допаѓа личноста во која се претворам. Цел ден мислам на него, му пишувам, се прашувам дали навистина ме сака.

Дури мислам дека и премногу долго сум била со некои луѓе затоа што се плашев дека тоа ми е единствената шанса за љубов.

Ги променив мислите и решив да не се жртвувам себеси за сметка на другите.

Порано и премногу се вложував со чувства и надежи дека нешто ќе биде подобро. Всушност, цело време се плашев дека ќе ми биде скршено срцето, но на крајот само повеќе се повредував.

Татко ми има големо влијание на промената на моите размислувања. Тој се преженуваше неколку пати, само затоа што не сакаше да биде сам.

Преминуваше од една врска во друга, само затоа што се плашеше да биде сам со себе.

По еден разговор со него одлучив дека нема да останам со некого само за да не бидам сама. Сакам да бидам среќна со самата себе и да успеам да се насмеам, пред некој друг тоа да го направи за мене.

Луѓето се плашат да бидат сами, но мислам дека најмногу се плашат од самите себе.

Зошто звучи толку страшно негативно да се биде сам? Зошто кога луѓето ќе те видат сам те сожалуваат?

Кога престанав да барам некој за да бидам во врска ми се случи нешто прекрасно: Се открив самата себе која сум. Почнав да се фокусирам на работите што мене ме правеа среќна. Решив да патувам сама низ светот, под мои услови и без никој друг.

Решив да се посветам на кариерата што јас ја сакам и да не се грижам за тоа што мислат другите.

Мислам дека луѓето остануваат во несреќни врски затоа што мислат дека раскинувањето е полошо. Но, дали навистина е така? Скршеното срце треба секој да го доживее. Тоа е патување за откривање и запознавање на самите себе.

Најдете време за да се откриете себе кога сте сами. Сега знам што барам од партнерот, затоа што знам која сум. Она што го научив низ годините е дека се вљубив во прекрасна и силна личност. Всушност, се вљубив во самата себе на најнесебичен начин.

Сега знам на што сè сум подготвена за да бидам во здрава врска со некого бидејќи сум сигурна во она што го сакам и она што го заслужувам.

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...

Најчитани неделава