Секстинг: 5 причини зошто е неопходен за среќна врска

Секстингот е вербален секс кој може да направи чуда за вашата врска и сексуалниот живот.

seksting-5-pricini-zosto-e-neophoden-za-srekna-vrska-01.jpg

Едно истражување покажува дека главната состојка за среќна врска е токму разменувањето на провокативни пораки и желби.

Ако ја немате таа навика, еве зошто би требало да ви стане секојдневие:

1. Гради доверба

Не постојат поголеми тајни од оние во кои кажувате што би му/и правеле и како. Комуникацијата е послободна, незаборавна и на тој начин ја зацврстувате довербата.


2. Секси пораките ја прават ситуацијата позитивно напната

Праќате провокативна слика и чекате одговор... Адреналинот расте, а во главата имате цел спектар на ситуации и сценарија што ќе правите кога ќе се видите. Единствено оваа напнатост е здрава.


3. Ги охрабрува момците

Ретко кој не си поставува милион прашања, помеѓу кои главното е дали тој/таа е сосема задоволна во сексуален контекст. Секстингот е одличен начин да ја наполните својата или туѓата самодоверба.

seksting-5-pricini-zosto-e-neophoden-za-srekna-vrska-02.jpg

4. Забавна предигра

Веруваме дека ниту една предигра не може да се замени со жешко допишување, флертување и разменување слики и желби. Секстингот е забавна предигра која ве тера да чекате и да замислувате што ќе се случи неколку часа подоцна.


5. Превенција од изневерување

Секстингот му помага на партнерот да остане фокусиран на она што го чека подоцна, па помала е шансата истото да го побара на страна.

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...

Најчитани неделава