Тип на девојка за секој дечко

tip-na-devojka-za-sekoj-decko-povekjeМажите сакаат слатки девојки кои ќе им угодуваат и нема да влегуваат во конфликти, атрактивните жени им го подигнуваат егото,...

 

...а самоуверените и рамни на нив знаат да се спротивстават и да го  подигнат адреналинот.

Тоа се само некои типови на жени на кои паѓаат машките. Ние ви носиме уште некои со кои би требало да излегувате за да ја најдете вашата идеална половина.

1. Атрактивно парче
Повеќето машки покрај себе би сакале да имаат особено згодна и убава жена со која гордо ќе шетаат на писта. Таа на својот пратнер му го подига угледот меѓу другите жени, но и мажи.

tip-na-devojka-za-sekoj-decko

2. Независна и јака
Ваков тип на жени ќе ви одговара ако и вие самите немате време да се посветите на врската. Таа има свој живот и нема да ви се обеси околу вратот. Таа бара маж, но не го бара очајно и не го спречува.

Не спаѓа во тип на жени кои бараат мажи за да си ги решат проблемите. Секое машко барем еднаш би требало да биде со жена која сака секс и не глуми срамежливка.

3. Сексуална грабливка
Секое машко барем еднаш во животот мора да биде со ваква жена. Таа сака мажи и секс, и не прави драма околу тоа. Ужива во телесната љубов и не глуми срамежливка, па многу други жени не ја сакаат и во неа гледаат конкуренција.

4. Слатка девојка
Оваа девојка е едноставна, драга и во неа нема ни малку зло. Задоволна е со својот живот и не бара многу. Со оглед на тоа што ваквите девојки се многу ретки во денешно време, кога ќе ја најдете, чувајте ја како прав бисер.

5. Мајчински тип
Овој тип, се разбира, се провлекува низ сите останати, но жената кај која е силно изразена приврзеноста кон семејството е вистински мајчински тип. Таа над сè сака животот да им го посвети на децата и сопругот. Во една фаза од животот, ако налетате на ваква жена, може да ви се причини како врвка околу врат, но веќе за неколку години ќе барате токму таква животна сопатничка.

6. Карактерна и шармантна
Има мажи кои покрај себе сакаат да имаат жена со цврст карактер и посебност. Оваа жена може нема иделна убавина, но нејзиниот шарм ќе ја исполни просторијата. Таа е тип на жена со која е едноставно и пријатно да се биде во друштво.

7. Најдобра пријателка
Ова е тип на жена со која на мажите им е многу пријатно. Само пет минути разговор со неа и ви се чини како да се знаете со години. Секогаш е на ваша страна и сака исто што и вие.
Секако, идеалната жена е спој на сите горенаведени, но кај некои сепак одредени типови преовладуваат. Откријте ја сами својата идеална комбинација.

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...
11 (изненадувачки) причини зошто некои жени избираат развод, наместо да останат во брак Жените ги иритира кога сопругот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да из...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg