Мажите објаснуваат: 5 работи кои жените ги сметаат за изневерување, а не се

Нема жена која не полудела барем во една од овие 5 ситуации, па затоа време е да го слушнете објаснувањето од машки аспект.

mazite-objasnuvaat-5-raboti-koi-zenite-gi-smetaat-za-izneveruvanje-a-ne-se-01.jpg

Иако вие сметате дека се работи за изневерување, момците го тврдат токму спротивното.

1. Не одговара на пораката во рок од 3 минути

Дали знаете што значи ако не ви одговориме на пораката во рок од 3 минути? Зафатени сме! Не си правете сценарија во главата дека нешто не е во ред.


2. Има пријателки

И вие имате другари, но дали тоа значи дека имате желба да спиете со нив? Точно така. Пријателите ни се во различни облици, вклучувајќи го и полот.


3. Излегува сам со пријателките

Ова не мора веднаш да значи покана за секс. Верувајте дека шансите да излеземе со пријателка и да не завршиме голи се реални.


4. Сака да помине време без вас

На почетокот сите минуваме низ период кога не сакаме да се одвоиме. Но, со тек на време се случува спротивното - ни треба простор и време. Ако сакаме слободна сабота без вас, тоа не значи дека не нè интересирате.


5. Опадната желба за секс

Постојат милион причини зошто не ни е до секс. Колку и да не звучи машки, некогаш само ни се спие.

Би можело да ве интересира:

5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
11 (изненадувачки) причини зошто некои жени избираат развод, наместо да останат во брак Жените ги иритира кога сопругот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да из...

Најчитани неделава