11 работи на кои треба да внимавате за време на аналниот секс

Практикувањето на безбеден анален секс не е така едноставно како што е случајот при вагиналниот. Потребно е да внимавате на повеќе работи пред и за време на аналниот секс за да се заштитите себеси од можни инфекции и венерични болести.

11-raboti-na-koi-treba-da-vnimavate-za-vreme-na-anlniot-seks-1.jpg

На што треба да обрнете посебно внимание?

1. Не практикувајте анален секс ако цревата не ви се потполно празни

Пред да се одлучите за анален секс бидете сигурни дека вашите црева се целосно испразнети од фекалии, како и надворешниот дел од анусот. Ова е од голема важност за да се заштитите од несакани инфекции.


2. Не го употребувајте истиот кондом кој сте го користеле при вагиналниот секс

Не го употребувајте истиот кондом, ако претходно сте имале вагинален секс или ако по аналниот сакате вагинален, бидејќи така ги пренесувате бактериите кои се наоѓаат во вашите црева во вагината, па може да дојде до појава на инфекции.


3. Употребувајте кондоми

Тоа што така не можете да забремените, тоа не значи и дека нема потреба да употребувате кондоми, ова повторно се однесува на можноста за добивање на сексуално преносливи болести.


4. Не употребувајте играчки со кои не знаете да ракувате

Понекогаш се случува да не знаете како да ги извадите тие играчки, па да имате потреба од брза помош. Не ризикувајте со играчки кои не ви се доволно познати и сигурни.


5. Не практикувајте анален секс само затоа што вашиот партнер сака

Не практикувајте нешто, ако не се чувствувате удобно. Тоа посебно важи за аналниот секс.


6. Не го практикувајте „на суво“

Постои голема можност да се појават мали микро ранички, па затоа важно е секогаш да употребувате лубрикант.


7. Не заборавајте да се измиете по аналниот секс ако не употребувате кондоми

Ако веќе подолго време сте во врска или во брак и не употребувате кондоми, важно е вашиот партнер добро да се измие меѓу менувањето на вагиналниот и аналниот секс.


8. Не употребувајте лекарства за опуштање на мускулите

Не е докажано дека на тој начин аналниот секс ќе ви стане попријатен, а постои ризикот од опасни контра ефекти, како менување и варирање на крвниот притисок.


9. Не претпоставувајте дека не можете да добиете херпес

Едноставно е: херпесот може подеднакво лесно да се пренесе при аналниот секс, како што може и при вагиналниот.


10. Не практикувајте анален секс ако имате хемороиди

Или едноставно внимавајте, бидејќи може да дојде до крварење.


11. Не употребувајте креми кои ја намалуваат чувствителноста или лидокаин

Најдобро е да употребувате природен лубрикант со кој ќе ви се зголеми задоволството, а не креми кои ќе ви го намалат чувството и по кои постои опасноста од тоа да добиете рани кои воопшто нема да почувствувате дека ги добивате.

Би можело да ве интересира:

Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...

Најчитани неделава