Секс предизвици кои треба да ги прифатите: Оставете ја вратата подотворена, раскажувајте што ќе направите следно

Кога веќе нема да знаете што да испробате, ви нудиме многу ефективни и оригинални идеи како да си го направите сексот уште позабавен и уште повеќе да уживате во него.

seks-predizvici-koi-treba-da-gi-prifatite-ostavete-ja-vratata-podotvorena-raskazuvajte-sto-ke-napravite-sledno-01.jpg

Ако сте во врска, се опуштивте и веќе се чувствувате како на „свој терен“ -  тоа не мора да значи монотонија, туку задоволство до врв!

Имајте секс во „црна темница“

Убаво е кога можете да се гледате во очи, но поткренете го задоволството едно ниво погоре. Ако имате секс во апсолутна темница, тогаш вашите тела ќе се движат многу побавно и бидејќи нема да можете да гледате ќе мора единствен водич да ви биде телото. Затоа изгасете ја секоја светилка и почувствувајте што ќе се случува.


Обидете се да не пуштите глас

Без разлика дали сте гласни или не, предизвикот е да останете во тотална тишина. Вака ќе ви биде многу позабавно и ќе си поставите предизвик со кој ќе ја сфатите моќта на звукот и колкава улога игра тој во целото доживување.


Останете облечени

Да, голите тела се прекрасни и сакате да го почувствувате голото тело на партнерот врз вашето. Но, ако останете облечени ќе имате поголем предизвик, ќе мора да се снаоѓате со неговата облека и со положбата. Плус, постојано ќе си го замислувате партнерот што е дополнителна стимулација.


Отворете ја вратата или оставете ги ролетните отворени

Ако сте еден од оние кои идејата за трета личност во сексот ве возбудува тогаш ова е полн погодок за вас. Оставете ја вратата или ролетната ширум отворена и замислувајте си како некој ве набљудува од страна. Замислениот странец кој ве гледа ќе направи да бидете уште поексплозивни во креветот.


Раскажувајте го она што го правите

Почнувајќи од предиграта, па сè до крајот кажувајте сè што правите. Тоа е одличен начин и да се посмеете, но и дополнително да се возбудите. Раскажувањето ве прави еден степен поинтимни од она што сте.


Бакнувајте се секаде освен на усните

Така ќе се стимулирате на еден поинаков начин. Ова навидум наивно бакнување може да прерасне во страстен чин кој ќе ве излуди.


Забрана за бакнување

Одличен предизвик затоа што нема да смеете да се бакнете, па ќе мора да смислувате други активности кога најмногу сакате да го бакнете партнерот.


Домашните предмети користете ги како секс играчки

Не мора да трошите пари за секс играчки сè е околу вас. Искористете ги марамите, каишите... бидете креативни, еден ист предмет може да има различно значење. Плус засекогаш ќе имате заедничка тајна која ќе ве тера да се смеете секој пат кога ќе ја здогледате.


Имајте секс пред да излезете

Ако планирате да излезете заедно и ако треба да одите на некое посвечено место, прво имајте секс. Ќе ви даде енергија, ќе се чувствувате поубаво и посреќно. Таквите настани знаат да бидат исцрпувачки, па потоа да немате сила. Но, во случај да имате не пропуштајте, имајте секс пак.

Би можело да ве интересира:

„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...
„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
„Мојот љубовник вели дека уште не може да ја остави жена му и детето за мене, дали е искрен?“ Советот од психологот на магазинот „Guardian“ за оваа млада жена гласи: „Тој нај...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава