Идеи како да ја вратите страста во долгата врска

Долгите љубовни врски можат да станат рутински и по малку досадни, а партнерите не смеат да си дозволат тоа да им се случи, доколку сакаат нивната љубов да трае. Што ја одржува една врска да биде свежа после неколку години?  Добриот сексуален живот и слатките секси работи кои нема да ви го одземаат времето, а ќе ја „зачинат“ вашата врска.

idei-kako-da-ja-vratite-strasta-vo-dolgata-vrska-01.jpg

Навидум мали и неважни секси постапки можат значително да ви ја подигнат самодовербата, да ги разгорат искрите во кревет, да внесат авантуристички дух во вашата врска, да ја зголемат емоционалната поврзаност со партнерот и да ви го направат секој ден возбудлив и вреден за живеење.

Флертувајте безопасно

Доколку забележите убаво/а момче/девојка додека го пиете попладневното кафе во некој бар, не плашете се шармантно да му/ѝ се насмевнете, само затоа што сте во сериозна врска и мислите дека тоа би било погрешно. Напротив, доколку сте во искрена и стабилна врска, краткиот, спонтан и безопасен флерт ќе ви ја подигне вашата самодоверба, ќе ви ја зголеми сексуалноста, а потоа тие искри ќе ги пренесете во креветот на вашиот партнер.


Спијте голи

Понекогаш, на секој од нас навистина ни е потребно да си го посветиме денот на себеси. Запалете свеќи во вашата бања, почестете се со долго капење во топла пенлива када. Потоа, тргнете ги пижамите настрана и не дозволувајте ништо да застане помеѓу вас и вашиот чаршав. Допирот на вашата кожа со памучниот или уште подобро со сатенскиот чаршав, ќе направи да бидете подобро запознаени со вашето тело и сексуалност.


Изберете ја долната облека на вашиот партнер

Девојката може да му понуди на своето момче да ги избере нејзиниот градник и гаќички во кои таа му изгледа најсекси. Потоа, таа може да му предложи на момчето да облече тесни и кратки боксерки. За да биде уште повозбудливо, изненадете го вашиот партнер со тоа што ќе му купите нова „жешка“ долна облека без тој да знае.


Направете заеднички секси фотки

Позирајте со вашиот партнер и фотографирајте ги тие секси моменти кои ќе ви бидат визуелен потсетник на вашата сензуалност. Покријте ги интимните делови со неговите боксерки или соблечете се целосно. Изборот е ваш!


Потрошете повеќе време на предиграта

Водете љубов како тинејџери. Бакнувајте се страсно и долго и дозволете му на партнерот полека да ве соблекува. Обидете се да го одложувате нагонот што е можно подолго бидејќи предиграта ќе го направи вашиот секс поенергичен, а на крајот и двајцата ќе бидете задоволни.


Имајте секс низ цела куќа

Сексот во спалната може да стане монотон и да наликува на секој претходен. Затоа, променете ја просторијата. Правењето на „таа работа“ во другите соби од вашиот дом каде што готвите, перете или ги пресметувате сметките, ќе направи да се чувствувате „валкано“.


Разбудете го животното во вас

Многу жени велат дека ги „пали“ мирисот на машкото тело, особено делот околу вратот. Во тој контекст, носењето на неговата маица или капењето со неговиот гел за туширање додека е тој на пат, може да направи да се чувствувате поблиску до него и да ви биде попривлечен. За да не се чувствува тој осамен додека е далеку од дома, подарете му нешто ваше. Верувајте дека едвај ќе чека да ви се фрли во прегратки.

М. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...

Најчитани неделава