Искрени исповеди од парови кои рано стапиле во брак

Постои верување дека оние кои одлучиле да се венчаат на многу рана возраст најчесто сфаќаат дека згрешиле, па завршуваат со развод. И покрај тоа, многу луѓе се одлучуваат за брак во своите тинејџерски години или раните 20-ти.

iskreni-ispovedi-od-parovi-koi-rano-stapile-vo-brak-01.jpg

Па како можеме да откриеме колку овие стереотипни сфаќања се вистинити? Тука е апликацијата Wisper на која многу парови кои одлучиле рано да стапат во брак одговараат колку навистина се среќни и дали за нешто се каат.

1. „Се венчавме млади. Никој не мислеше дека ќе траеме. 6 години подоцна ние сме вљубени повеќе од било кога.“

2. „Луѓето ми велат дека сум си го уништила животот затоа што рано сум влегла во брак, но јас го направив тоа со мојот најдобар пријател и никогаш не сум била посреќна.“

3. „Само затоа што се венчав млад не значи дека забавата завршила. Само сè e подобро затоа што таа забава имам со кого да ја споделам.“

4. Се венчавме млади и се уште сме лудо заљубени еден во друг. Нашите животи константно се менуваат, но тоа носи уште повеќе среќа.“

5. „Мојата среќа доаѓа од мојот сопруг. Се венчавме млади. Заедно го истражуваме светот. Ме научи како да се сакам себеси. Никогаш немав потреба да бидам во врска со неколку мажи да бидам сигурна дека сум направила добар избор.“

6. „Го запознав мојот маж кога имав 15 години и 4 години подоцна се венчавме. Сите беа убедени дека нема да издржиме. Но сега купуваме заедно куќа и планираме да си го прошириме семејството. Не би можела да си го замислам животот без него.“

7. „Некои луѓе не ја сфаќаат сериозно мојата врска со сопругот, бидејќи сме се венчале млади. Поминаа 7 години, а јас сè уште го сакам, дури и повеќе од било кога.“

8. „Никогаш нема да се покаам што се венчав млада. Ме заземји, ги пуштив моите корени и никогаш не сум ја почувствувала болката која моите пријатели ја искусуваат во своите 20-ти.“

9. „Тоа што се венчав млад, не значи дека не можам ништо да испробувам во животот, туку дека ќе имам можност за нови искуства и поддршка од најдобрата личност која постои.“

10. „Тоа што се венчаш млад не значи дека ќе се разведеш, туку дека ќе имаш години плус со љубовта на животот.“

11. „Загрижена сум дека еден ден ќе се каам и ќе го презирам сопругот затоа што се венчавме млади и сум ги пропуштила студентските години.“

12. „Се венчав млад, бидејќи знаев дека целиот мој живот сакам да го поминам со една жена. Таа е мојата душа. Не можам да си го замислам животот без неа.“

Би можело да ве интересира:

Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 (изненадувачки) причини зошто некои жени избираат развод, наместо да останат во брак Жените ги иритира кога сопругот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да из...
„Мојот љубовник вели дека уште не може да ја остави жена му и детето за мене, дали е искрен?“ Советот од психологот на магазинот „Guardian“ за оваа млада жена гласи: „Тој нај...

Најчитани неделава