Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 едноставни начини како да се извините

Постојат два типа на извинување: кога треба да се извините да ја подобрите ситуацијата и кога чувствувате вистинско жалење и сакате да бидете искрени. Во врска секогаш треба да го правите второто. Ако не жалите, не се извинувајте. Справете се со ситуацијата, направете компромис, но не се извинувајте ако не сте згрешиле.

10-ednostavni-nacini-da-se-izvinite

Сепак, ако сте направиле нешто поради што жалите, искороситете ги овие 10 едноставни начини за извинување.

1. Кратко и слатко

Понекогаш најдобар начин на извинување е да бидете кратки и слатки. Едноставно "Жал ми е, не бев во право" понекогаш е се што ви треба.


2. Признајте ги вашите грешки

Признавање на грешките со аргументи може да биде одличен начин да го направите вашето извинување искрено.


3. Прашувајте како можете да им надоместите

Побарајте од лицето на кое му се извинувате да ви каже на кој начин можете да ја подобрите ситуацијата, односно на кој начин можете да им надоместите.


4. Не очекувајте прошка

Најдоброто што можете да го направите е да се извинете и да објасните дека не очекувате прошка, туку само сакате да го споделите со нив вашето искрено извинување.


5. Оставете порака

Аргументите понекогаш можат да бидат непријатни за двете страни; искрена порака со извинување може да ги избегне овие ситуации.


6. Извинете се преку музика

Испејте или компонирајте песна, а доколку немате талент за свирење, односно пеење, секогаш можете да им испратите псена која ќе го одрази вашето мислење. Музиката има моќ да лекува.


7. Гответе

Згответе вкусен ручек или вечера. Ова ќе им покаже дека сте поминале повеќе време на вашето извинување.


8. Исчистете ја куќата

Ако сакате да се извините на позначаен начин, а не само со зборови, преземете ги некои од нивните задолженија, како чистење на куќата.


9. Користете ги социјалните медиуми

Ако се извините преку социјалните медиуми, ќе покажете дека не ви е толку важна гордоста, најважното е дека ви е жал и дека не ви е важно кој ќе знае за тоа.


10. Нека ви помогнат пријателите

Вклучете ги и пријателите. Направете план на кој начин тие моажт да ви помогнат да организирате едно големо извинување. Бидете креативни.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Му станав лична чистачка“ - Најтешките работи во бракот за кои никој не зборува „Во бракот има тешки мигови и не е дека има само пеперутки, но најголемата грешк...
5 знаци дека вашиот партнер ќе биде добар и грижлив сопруг На почетокот од врската не ве притискал за секс, а кога ќе вети нешто, го исполн...
„Прирачник“ за мажи: 12 докази дека таа е жената што ви треба во животот Таа е интелектуално предизвикувачка, односно со неа може да се водат интелектуал...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg