Убавината на тантра сексот

ubavinata-na-tantra-seksot-povekjeГлавната смисла на сексуалниот чин е оргазмот. Ако го нема, се чувствуваме фрустрирани, партнерот чувствува вина и ако тоа зачести, следуваат караниците.

 

Сте слушнале ли за тантра-секс, кога оргазмот и не баш е главната цел?

Суштината на тантра-сексот е да се одложи чинот на задоволството. Одложувањето на главниот момент создава тензија, расте сексуалната страст, се зголемува напливот на крв во мозокот. Никогаш толку многу не сте го посакувале партнерот како во моментот на искушение.

ubavinata-na-tantra-seksot

Ако веднаш преминете на главното, ќе ги пропуштите сите емоции и сексуалната енергија што ги дава предиграта.

Што треба да направите?

1. Создадете интимна атмосфера.

Во тантра-сексот не е важно каде имате секс и на брзина да го задоволите нагонот. Мора да посветите внимание на најситните детали кои ќе го направат најубавиот момент посебен и поинаков.

Главен момент е музиката. Симнете од Интернет музика за јога и релаксација. Пријатните звуци ќе ве релаксираат и двајцата ќе имате чувство дека сте на друга планета некаде далеку.

2. Разменувајте воздишки.

Разменувањето воздишки е првата вежба во тантра-сексот. Што треба да направите? Застанете еден пред друг, земете воздух и преку устата предадете му го на партнерот. Ова дава топлина и чувство на блискост.

Истото и тој треба да го стори. Се верувало дека на овој начин партнерите вистински се запознаваат. Не само надворешно, туку го слушаат ритамот на душата и внатрешноста на личноста.

3. Гледајте се длабоко во очи.

Иако мислите дека е едноставно, обидете се и видите дека очите сами ќе ви се затвораат. Вистинско интимно поврзување настанува со погледот.

Почнете да се допирате еден со друг и цело време гледајте се во очи и следете си ги погледите. Колку помалку се срамите од гримасите што ќе ги правите под дејство на допирите, толку повеќе се поврзувате. Ова важи за обајцата и посветете му доволно внимание.

4. Дозволете работите да се одвиваат полека.

Иако можеби ќе паднете во искушение да преминете на главното, воздржувајте се. Верувајте дека доживувањето ќе биде поголемо.

Полека бакнувајте се, галете се по секој дел на телото, испитајте ги и деловите на кои никогаш порано не сте им посветиле внимание и ќе ја почувствувате убавината на предиграта и тантра сексот.

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила во сексот, што секој културен маж треба да ги знае (18+) Не избрзувајте да ги покажете сопствените вештини, бидете искрени за тоа што ви ...
Секс поза „клацкалка“ – наменета за девојките што сакаат да доминираат за време на сексот (18+) Со оглед на тоа што партнерот треба да стои мирен, оваа секс поза е одлична за о...
Исповед на жена: „30 години бев во брак со зависник од секс – животот ми беше пекол“ „Додека бевме млад пар, водени од љубовта и страста си мислев: ‘Боже, сигурно мн...
„Магичен куршум“ – Секс поза која одлично ја стимулира Г-точката (18+) Идеална е за стимулација на Г-точката на партнерката, а ќе му се допадне и на па...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg