Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Испитајте ги вашите емоции: Дали сте подготвени за средба со бившиот?

Многумина ќе ви речат дека средбата со бившиот е погрешно нешто. И е, освен ако двајцата не сте на иста страна – т.е. едниот од вас сака да се смири или да се врати на „она старото добро што го имавме“.

ispitajte-gi-vashite-emocii-dali-ste-podgotveni-za-sredba-so-bivshiot-01.jpg

Во случај да сте апсолутно сигурни дека не сакате ништо, ни едниот ни другиот, тогаш средба би требало да е дозволена.

Ова се работите кои треба да ги испитате и на кои треба да бидете подготвени:

1. Наплив на емоции

Секако, треба да бидете подготвени дека може да го поднесете напливот на тие некогашни реални емоции и слики, кои сигурно ќе ве мавнат во главата. Без разлика колку сте студени, без разлика колку не чувствувате ништо за таа личност, тие слики секогаш се враќаат. Сето она што било убаво – сите романтични состаноци, сите интерни шеги, сите изненадувања, сите искази на љубов. Но, се враќаат и оние лошите – караници, солзи, осаменост, тага...


2. Баланс

За да може да се сретнете со бившиот треба да имате баланс. Да знаете дека она што е минато, таму треба да остане. Меѓутоа, мора да запомните - никој не е безгрешен. Ако сте апсолутно, без трошка сомнеж сигурни во ова, тогаш може да се сретнете.


3. Простување

Подеднакво е важно да се напомени дека освен тоа што треба да сте подготвени на тие спомени, треба да си простите себеси и на таа личност. Вашиот меѓусебен однос завршил и треба да го сфатите тоа.

Ако ви е потребно време да го „сварите“ сето ова, тогаш не се осудувајте да чепкате по сопствените рани, затоа што она што ќе прокрвари ќе биде полошо од самата рана. Простете си себеси, и простете му на партнерот. Секогаш постои причина за крај и без разлика која е таа, треба да се помирите со исходот. Ако не сте подгтовени за помирување, тогаш подобро е да не се сретнувате со бившиот.


4. Финално испитување

Ако веќе ги исполнувате овие три услови, уште преостанува да се испитате уште еднаш. Детално да ги прегледате вашите емоции, затоа што ако постои и најмал сомнеж, само што ќе го видите партнерот сите чувства (што веројатно ги криете) ќе испливаат на површина и ќе посакате да се смирите. А, ако веќе партнерот се сложил на средба, тогаш или и тој го сака истото или пак се помирил со тоа дека вашето време заедно завршило. На вас останува да процените, а оваа проценка може да ви го одреди текот на љубовниот живот.

Не се плашете, иако ваквата одлука е голема, сепак вие знаете да ја донесете правилно. Секој знае да ја донесе, затоа што нема човек што не знае што чувствува. Може да бидете несигурни, но не и да не знаете. А, несигурноста брзо се решава. Само вие го имате клучот.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Кога ќе се омажиш, веднаш се закопуваш“, ми кажа татко ми - но мене бракот ми го разубави животот „За едно сум посебно благодарна - што татко ми со своите приказни сепак ме научи...
Американка исмеана затоа што промовира правило за среќен брак: „Кој може да си го дозволи ова?“  „На секои 7 дена одиме на состанок, на секои 7 недели…“ Лајфкоуч од САД пр...
6 причини зошто жените наоѓаат љубовници, според терапевт Најчесто кога се зборува за неверствата се верува дека мажите наоѓаат љубовници ...
8 типови на жени по кои мажите лудуваат Од љубезната девојка во соседството, до мистериозната фатална жена, овие типови ...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
Порака до сите љубовници: „Не барајте мир во туѓа неволја и не се лажете дека не сте виновни“ Зошто постојат жени што прифаќаат да бидат нечии љубовници? Зошто веќе не се цен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg