Што е добра предигра?

sto-e-dobra-predigra-povekjeПредиграта е увертира на главниот чин. Многумина ја сметаат за поважна од самиот секс. Жените често се жалат на своите љубовници кои премалку...

 

...време посветуваат на предиграта – бакнување, мазење, дразнење и често ја прескокнуваат за да дојдат до меѓуножјето на својата драга.

Каква предигра е потребна?

sto-e-dobra-predigra

Како и за останатите работи во животот тоа е индивидуално од личност до личност и морате да почнете да го истражувате телото на својот партнер/ка.

Слушајте што му/и одговара и испробувајте разни движења и методи за да се ускладите и да уживате.

Доколку вашиот партнер/ка се жали дека малку бакнувате, време е тоа да го промените. Не заборавајте да се бакнувате за време на сексуалниот однос.

Кај најголем број жени ерогена зона е вратот и уживаат додека нежно им го бакнувате. Потрудете се предиграта да биде разновидна и да претставува предмет на задоволство.

Прв чекор за создавање пријатна атмосфера за секс е да се препознае важноста на предиграта, а не да се трча кон гениталиите на партнерот.

Еднакво се важни и романтичните детали кои не смеете да ги заборавите. Важно е вашата спална соба да биде топла и чиста.

Партерката сигурно со часови го бирала долниот веш пред  да дојде кај вас, па ќе и биде драго да го задржи на себе барем малку подолго.

Не постои одговор на прашањето што е добра предигра.

Важно е да бидете свесни дека секогаш треба да ја користите сопствената фантазија.

Клучот е во разновидноста!

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg