Дали вашиот карактер е виновен за лошото справување со раскинувањето?

Сите знаеме дека раскинувањата се тешки за сите, но според едно ново истражување во Personality and Social Psychology Bulletin, некои луѓе подобро се справуваат со нив отколку остантите...

istrazuvanje-dali-vasiot-karakter-e-vinoven-za-losoto-spravuvanje-so-raskinuvanjeto-01.jpg

Клучната разлика, според Стенфорд универзитетот, лежи во тоа како си го објаснувате раскинувањето, т.е. оние кои се обвинуваат себеси за неуспехот на врската и го поврзуваат со перманентни квалитети, потешко се справуваат со прекинот на врската.

За да истражиме како начинот на кој се дефинираме себеси влијае врз нашите врски, истражувачите ги прашале испитаниците до која мера сметаат дека нивниот карактер е променлив или перманентен.

Тие откриле дека оние кои сметаат дека нивниот карактер е непроменлив, се чувствувале прогонувани од минатите одбивања, некогаш дури и години подоцна.

Овие откритија имаат интуитивна смисла: Ако усвоите нечие одбивање како доказ за вашата сопствена непосакуваност, ќе бидете во лошо расположение не само поради тоа раскинување, туку и во идните.

Ова дури се случило и на телевизија. Кога Бен Хигинс учествувал во реалното шоу The Bachelorette тој и признал на Кејтлин Бристоу дека се чувствувал дека не може да биде сакан откако неговата последна девојка го оставила. Исто така, открил и дека се плашел од идни одбивања и како што предвидуваа, Кејтлин не го избрала за финалист - уште една причина плус зошто луѓето кои усвојуваат одбивања не треба да учествуваат во емисии за љубовни состаноци.

„Од друга страна, луѓето кои најлесно се справиле со раскинувањето се оние кои раскинувањата ги гледале како случајни, отколку како индикатор на нивните маани, па затоа можеле да замислат подобра иднина“ – велат авторите на истражувањето.

Ова откритие предлага дека клучот во надминување на раскинувањето е да препознаете дека не значи дека вашиот карактер е виновен. Па дури вие да згрешивте, секогаш имате моќ да се промените. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...

Најчитани неделава