Писмо поради кое нивниот брак траел цели 50 години

Поминале цели 50 години заедно, а нивната врска ќе остане запаметена како една од најубавите холивудски приказни на денешницата.

pismo-poradi-koe-brakot-na-pol-njuman-i-dzoana-vudvard-trael-celi-50-godini-01.jpg

На денот на нивната венчавка, славниот актер Пол Њуман ѝ напишал писмо на својата сопруга Џоана Вудвард во кое тој опишал како гледа на нивниот иден брак.

Писмото кое Џоана го прочитала на денот на нивната венчавка во 1958-та година, било во форма на белешки:

1. „Среќа во бракот - не е нешто што се случува туку така. Добриот брак се создава. Уметноста на бракот се ситниците, не големите работи“.

2. „Никогаш нема да бидеме престари за да се држиме за раце, да си кажуваме: „Те сакам“ барем еднаш дневно. Да не легнуваме во кревет, ако сме налутени еден на друг. Ниту некогаш да ни се случи работата на другиот да ја земаме здраво за готово“.

„Додворувањето не треба да заврши со медениот месец, треба да трае целиот живот. Треба да имаме заеднички цели и вредности. Заедно да одиме низ животот и да создадеме круг на љубов во кој ќе го собере целото семејство“.

3. „Постојано треба да правите нешто за другиот, но не поради должноста, туку во духот на радоста. Заблагодарувајте се и покажете дека сте благодарни. Не очекувајте од сопругот да носи ореол, ниту од сопругата да биде ангел. Не барајте совршенство еден во друг“.

4. „Треба да се негува трпеливост, разбирање и смисла за хумор. Треба да знаете како да простите и како да заборавите. Да му дадете простор на другиот за да се развива. Да ослободите место за духовноста. Заедно да трагате по убавината и добрината“.

5. „Да развивате однос, во кој независноста е еднаква како и меѓусебната зависност, а обврските мораат да бидат еднакво поделени. Не треба да бидете само брачен партнер, туку вистинскиот партнер“.

Иако верноста е речиси незамислива во Холивуд, славниот актер објаснува како сите тие години останал верен на својата сопруга: „Дома имам стек, зошто да одам на место каде ќе добијам хамбургер?“.

Заедно поминале половина век - заедно глумеле, создавале и воспитувале три ќерки.

Нивната врска навистина ќе остане запаметена како една од најубавите љубовни приказни...

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава