Да те чекам на скалите од твојот праг?

Види сега вака. Ми се свиѓаш. Толку многу што сега, со ова писмо, со овие зборови трчам до твојот праг. Знам дека не си дома, но ќе те чекам на скалите.

da-te-cekam-na-skalite-od-tvojot-prag-01

На скалите на кои толку многу пати сме се бакнале и сме се качувале и слегувале. Ќе ти донесам кафе со тиркизна панделка – силно и горко во твојата омилена боја, нешто како твојот карактер. Но, ти не си комплетно таков.

Ми се свиѓаш затоа што знаеш како да се однесуваш со дама и знаеш како да бидеш убедлив и да кажеш многу со малку зборови.

Ми се допаѓаат твоите заспани очи кои гледаат директно во моите и ми се допаѓа како ми ја држиш целата глава додека ме гледаш и ме бакнуваш. Ми се допаѓа што секогаш си дотеран, макар да носиш само тренерки и маица.

Уште колку пати да повторам?

Ете, толку ми се допаѓаш, што за првпат во животов после предолго време јас сакам да бидам со некој т.е. со тебе. Дури и посакуваш да правам да бев во врска, иако најмногу ги мразам и се плашам од нив.

Го смислувам сега писмово и се прашувам дали нешто ќе ми вратиш. Дали нешто ќе речеш, дали ќе се насмевнеш или уште повеќе ќе се налутиш или комплетно никаква реакција нема да добијам.  Гледај колку се трудам да ги исправам нештава.

Грешам. Луда сум имам забегани мисли и знам да бидам неверојатно психотична, толку психотична што освен себеси ги полудувам и другите околу мене.

Жал ми е што се однесувам како недозреано дете некогаш и жал ми е што предизвикувам караници каде ги нема.

Ако го читаш сега ова, тогаш те молам појави се на прагот за да зборуваме. Појави се за да ти кажам колку многу грешам, појави се за да ти го дадам кафево што ми ги изгоре рацеве и појави се за да те бакнам.

За да те фатам околу вратот и така силно да те бакнам што ќе те натера да ми простиш.

Да те чекам ли или да заминам и да не се вратам никогаш? 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 (изненадувачки) причини зошто некои жени избираат развод, наместо да останат во брак Жените ги иритира кога сопругот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да из...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...

Најчитани неделава