Неоправдани причини и изговори зошто луѓето остануваат во несреќни врски

Страв од самотија, интерес, емоции, површност... листата на причини е долга, но тоа не значи дека сите се издржани.

neopravdani-pricini-i-izgovori-zosto-lugeto-ostanuvaat-vo-nesrekni-vrski-001.jpg

Овие 9 изговори се најчести, но и најопасни причини заради кои можете да останете во врска во која сте далеку од среќни:

1. Имаме добар секс

Да, знаеме, сексот е важен. Но, ако врската ви се сведува на секс, а надвор од спалната соба сте несреќни, оваа реченица нема смисла.

2. Долго сме заедно

Ова исто така значи дека сте несреќни, но само затоа што сте вложиле многу време и труд, се согласувате да тоа да остане непроменето. Ако врската не функционира, ништо друго не е важно. Луѓето би требало да бидат со личност која ја сакаат, а не со која имаат поминато најдолго време.

3. Се плашам да бидам сам/а

Никогаш нема да бидете сами - имате семејство и пријатели. И тие не ви посакуваат несреќни моменти. Самотијата е нешто што сите мораме да го искусиме во одреден период од животот, но полошо е чувството дека среќата ви зависи од некој. Подгответе се за ризик и ќе сфатите колку ослободено ќе се чувствувате.

4. За мене не постои друг/а

Само сетете се за колку бивши сте го кажале истото. А, баш мислевте дека тие се тие. На крајот од краиштата, секогаш можете подобро од претходно, па зошто не би било така и овој пат? не се откажувајте од пронаоѓањето на совршениот партнер или од тоа дека тој ќе ве пронајде вас. Завршувањето на несреќната врска е само чекор поблиску до оваа замисла.

5. Богат/a е, ха-ха

Беден став. Парите може да ви го променат животниот стил, но кој вели дека новиот животен стил ве прави посреќни?

6. Добар пар сме

Ако сте во врска само затоа што сметате дека сте идните Бекам, во тој случај, размислувањето ви е плитко и живеете во лажен свет. Таквата врска никогаш нема среќен крај.

7. Сите навиваат за нас

И тоа е причина да ги усреќите другите, наместо вие да бидете среќни?

8. Вреди заради убавите моменти кои ги имаме

Вистина е дека спомените се прекрасни, но што ви вредат ако немате подеднакво убава иднина?

9. Се надевам дека работите некогаш ќе се променат

Дали некој друг ќе се промени, не зависи од вас. Ако само тивко патите и очекувате да добиете повеќе љубов и внимание, не ви преостанува ништо друго освен да живеете во тага до крајот на животот. Сепак, секогаш подобра опција е нов почеток со некој со кој работите се далеку поотворени и поедноставни.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...
„Мојот љубовник вели дека уште не може да ја остави жена му и детето за мене, дали е искрен?“ Советот од психологот на магазинот „Guardian“ за оваа млада жена гласи: „Тој нај...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава