Љубовта не умира: Жената чиј сопруг починал пред 2 години, сè уште добива подароци

Кајла Милер објавила на Фејсбук страната Love What Matters прекрасна љубовна приказна меѓу еден маж и неговата сопруга која сè уште, после 2 години од неговата смрт, таа „добива“ подароци од него.

posveten-maz-ostavil-podaroci-za-soprugata-da-gi-dobiva-i-2-godini-po-negovata-smrt-01.jpg

„Денес бев сведок на прекрасна љубовна приказна која потсетува на филмот „P.S. I Love You“. Овој букет денес го доби една дама со која работам. Букетот е од нејзиниот сопруг кој почина пред 2 години“ - Милер ја започнува приказната.

„Секој празник или роденден по неговата смрт таа добива букет со цвеќиња, накит или било каков друг подарок од него“ - објаснува.

„Пред да почине, тој ги нарачал сите овие работи за деновите кога претпоставил дека ќе се чувствува осамена“ - додава.

„Ја споделувам оваа приказна не само затоа што е неверојатна и ми го грее срцето, туку и за да ви покажам на вас девојки дека вистинската љубов постои. Не мора да се одлучите за некого само затоа што мислите дека никој друг нема да ве сака“ - заклучува Милер.

„Не треба да трпите да бидете изневерувани или да ве лажат или да ве разубедуваат. Вие сте награда која треба да биде освоена и постои некој кој засекогаш ќе ве сака, па дури и по смртта. Се надевам дека ова ќе ви го развесели денот“ - додава.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...

Најчитани неделава