Сексолозите тврдат: Постои само едно сигурно решение за помазна кожа

Заборавете на сите скапи креми и третмани за нега на кожата. Кој е наједноставниот начин да имате здрава и сјајна кожа? Се разбира, сексот.

kako-do-zdrava-i-sjajna-koza-lekot-e-pet-pari-01.jpg

„Сексот е добар за многу работи, a вашата кожа е дефинитивно една од нив“, вели Ерик Марлоу, клинички и форензички сексолог.

Луѓето постојано зборуваат за сјајот кој го добива вашето лице по сексуалниот однос, како резултат на зголемената циркулација низ телото.

Всушност, ширењето на крвните садови предизвикува „поплава“ од кислород во организмот, што соодветствува со производството на колаген.

Суштината е дека, оргазмот е како шишенце со најдобриот серум против стареење што може да го пронајдете на пазарот.

Според дерматолозите, сексот може да помогне во борбата против воспаленијата кои се одвиваат во телото и истите предизвикуваат акни, брчки, и речиси секоја друга непријатна работа којашто може да ѝ се случи на вашата кожа.

„Тоа е навистина едноставен процес - сексот го намалува стресот, кој, пак, го намалува хормонот за стрес кортизол кој се лачи во телото, кој помага да се намали воспалувањето“, велат докторите. Тоа значи дека редовниот секс може да ви помогне во постигнување блескав младешки изглед и да го „испегла“ вашето уморно лице.

Сето ова звучи одлично, но што доколку во моментов немате партнер за секс? Дали мастурбирањето е исто така корисно? Докторите велат ДА.

„Сите придобивки за посјајна кожа се исти и кога мастурбирате и кога имате секс, со тоа што луѓето имаат тенденција да бидат малку порелаксирани додека се самозадоволуваат“.

Крајната цел, во обата случаи, е секако зголемување на нивото на релаксираност, а доколку нус-ефектот од тоа е кожа со неверојатен сјај, секако дека немаме ништо против.

Во име на убавата кожа и останувањето вечно млади, практикувајте редовен секс или мастурбација.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мојот љубовник вели дека уште не може да ја остави жена му и детето за мене, дали е искрен?“ Советот од психологот на магазинот „Guardian“ за оваа млада жена гласи: „Тој нај...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...

Најчитани неделава