Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кога ќе се потроши мојата љубов за тебе?

Велат дека секоја љубов има рок на траење, како конзервиран производ; не знам дали да им верувам ним или да го следам инстинктот и сопственото збудалување, зашто мојава не се дотрошува, и покрај предупредувањата за датумот на производство.

koga-ke-se-potrosi-mojata-ljubov-za-tebe-1.jpg

Кога се сретнавме?

Во едно далечно време, кога сѐ уште бевме млади, наивни и нерасипани од алчност. Минатото е длабоко вкоренето во мојата потсвест, а кога го откопувам, боледувам со недели. Затоа најчесто го оставам да мирува, не го чепкам, за да не го извалкам споменот со илјада зошто и исто толку неодговори.

Како се вљубивме?

Онака како што се љубат деца, помеѓу два скриени погледи, искрено и чисто, без никаква агенда, ниту план за збогатување. Се вљубивме – од љубов. Ја исполнував тишината со милион зборови, додека ти срамежливо молчеше. Подоцна ми призна дека сум била неодоливо слатка, јас пак се плашев да не помислиш дека сум мрдната.

Како се љубевме?

Фатени за рака, низ паркот, во мојата соба, во гласната дискотека исполнета со звуци на младост и надеж. Мислевме дека сме непобедливи, мојата љубов беше нескротлива и гладна. Алчно се љубевме, не штедејќи бакнежи, со прегратки кои крцкаат ковчиња, низ мали љубовни писменца кои си ги пикавме во чантите и јакните. Сега тие се неми сведоци на една згасната и пеплосана љубов.

Како се разделивме?

Мачно, со болка, онака како што се разделуваат двајца кои си кажуваат милион, веќе слушнати изговори. Нѐ раздели твојот глад за успех, мојата неодлучност, нашата младост, Бог или Универзумот, или така сакало да биде, или не ни било пишано, не знам повеќе.

Важно се разделивме и ниту еден селотејп не беше доволно силен да ја залепи распарчената приказна на половина.

Како те преболував?

Со солзи, како штотуку родено непрогледано дете. Со мачнина во желудникот, полошо од кога рие гладот, потажно од лелеци кои се вијат по загубата на некој сакан.

Таму некаде чинам испари мојата заслепеност, сета моја љубов се замени со гнев и омраза, затоа што, веројатно само така можев да преживеам.

Кога те видов повторно?

Сосема случајно, онаму каде што никогаш не очекував да те видам, облечена онака како што никогаш не би се облекла за нашето повторно видување. Како на почетокот, се одмеривме меѓусебно помеѓу два скриени погледи, секој со својот партнер до себе. Јас цврсто му ја стегнав раката на мојот, тој го протолкува гестот како возбуда и некоја галовност, па силно ме гушна.

Одвај ги сопрев солзите, на минатото кое се враќа да ме прогонува и не ми дава мир.

А ти? Што направи ти?

Дали и ти ја стисна нејзината рака? Дали ја привлече до себе, ѝ шепотиш ли милно онака како што тоа ми го правеше мене? Скроивте ли планови за иднината, како што ние го правевме тоа?

Дали си среќен, онолку колку што сум јас несреќна?

Веројатно никогаш нема да го пронајдеме одговорот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
9 знаци дека вие сте токсичниот партнер во врската (колку и да не сакате да си признаете) Секогаш ја префрлате вината на партнерот, постојано се жалите и сакате да го кон...
„Му станав лична чистачка“ - Најтешките работи во бракот за кои никој не зборува „Во бракот има тешки мигови и не е дека има само пеперутки, но најголемата грешк...
Најбизарните изговори за изневерување кои луѓето ги слушнале од нивните поранешни партнери „Ме изневери додека бев бремена бидејќи бил под стрес од бременоста“. „Ме изн...
10 суптилни знаци дека не сте толку прекрасна сопруга Ретко се извинувате - никогаш не преземате одговорност, дури ни кога е очигледно...
„На 74 години имав најисполнет сексуален живот“: Познатите дами за сексот над 50-тата година „Еден од најголемите митови е дека ја губите сексуалноста со текот на годините“,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg