Љубовен бонтон: Како да раскинете културно?

Самата помисла на раскинување на врската во која сте, без оглед дали се работи за неколку-месечна или долгогодишна врска, главно е стресна и со себе носи големи дилеми, вклучувајќи го и прашањето како да го направите тоа.

ljuboven-bonton-kako-da-raskinete-kulturno-1.jpg

Најважно е да го направите тоа достоинствено и да не заборавите на гордоста на партнерот. Луѓето се чувствителни кога се оставени.

Од моментот кога ќе донесете конечна одлука дека некој ќе оставите, важно е да не го натерате да се чувствува понижено, односно да ја спроведете одлуката со огромна почит.

Секако, сè мора да биде завршено во четири очи. Телефоните и пораките не доаѓаат предвид. Задолжително спомнете ги сите нејзини/негови квалитети, но приказната завршете ја со тоа дека ви станало премногу напорно и дека ви е тешко да продолжите со тоа темпо. Секогаш нагласувајте дека другата личност ви значи.

Сосема јасно е дека нема да станете пријатели веднаш. Оставете време за размислување. Да се јавите утредента и да го/ја повикате на пријателско кафе е измешан сигнал. Одредено време ќе мора да ги избегнувате среќавањата.

Што се однесува до луѓето во ваша околина, бидете дискретни. Што  и да се случи во моментот на раскинување е ваша работа. Ако на некој веќе мора да кажете, кажете дека заеднички сте ја донеле одлуката. Не нагласувајте кој бил оној кој го иницирал раскинот.

Ако сте пронашле нова љубов, потрудете се да се сокриете барем неколку месеци. Сигурно партнерот ќе помисли дека сте ја нашле новата љубов додека вие двајца сте биле во врска, што не е ни малку пријатно.

Нормално е во почетокот (сега веќе бившиот) партнер на биде студен и дистанциран. Никогаш не прашувајте дали му/и е тешко и дали се чувствува добро пред луѓе. Со тоа само го/ја понижувате и потсетувате што се случило пред неколку недели.

И најважно, не навлегувајте во кругот наречен лажно пријателство, па „смирување“ само за една ноќ. Така секоја одлука ви пропаѓа во вода.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава